
Замислете како одвиткувате подарок и од кутијата излегува мало, преслатко, влакнесто главче кое ве гледа и мрда со опавчето затоа што ви се радува!
Многу често добиваме подароци за родендени, празници, годишнини... Но, сигурно никогаш не сте се запрашале што значат подароците од вашето момче. Без разлика дали е накит, миризливи свеќи, картички, ние ќе ви откриеме каква позадина имаат тие подароци.
Подарок со фискална сметка
За многу девојки, одвиткувањето на подарокот и наоѓањето на фискалната сметка е шега. Но, доколку подарокот е од омилената продавница, тоа е добар знак! Значи дека вашето момче обратило внимание и иако не купил нешто посебно, сака да имате нешто што навистина го сакате. Но, доколку подарокот е од продавница која не ја сакате толку многу, значи дека вашето момче нема поим што всушност вие сакате.
Предмети за разгалување
Ако вашето момче ви подари миризливи свеќи, сет за бањање, еден ден во спа или нешто слично на тоа - добива бонус поени! Се грижи за тоа како се чувствувате и сака да ве разгали! Ако ви го подари омилениот мирис, тогаш навистина добива бонус поени! Доколку не сте му подметнале листа со желби под неговата перница, тогаш тоа значи дека ве познава многу добро и мисли дека го заслужувате најдоброто!
Крпи за во кујна
Ако момчето ви подари крпи за во кујна, одземете му ги сите поени! Крпи за во кујна и други препарати за домаќинство како садови, мебел или слични нешта се во ред, доколку подолго време сте со вашето момче или сте ги побарале тие работи од него. Ако вашето момче со кое што сте во врска многу долго време ви подарува вакви работи, значи дека ви го посакува најдоброто за вашиот дом.
Накит
Кога момчето ќе ви купи накит, бидете сигурни дека му значите многу! Таквите аксесоари не се воопшто евтини, а момците на кои „не им е гајле" нема да трошат пари на накит за нивните девојки. Кога момче на својата девојка и купува накит, тоа значи дека е верен и дека гледа на врската долгорочно.
Чоколадо и ружи
Одличен подарок од момче за некоја девојка која му се допаѓа, а не ја познава многу долго. Но, ваков подарок подаруваат и оние момчиња кои едноставно не знаат што да подарат. Доколку сте во „тазе" врска и момчето ви подари чоколади и ружи, тоа значи дека навистина му се допаѓате и дека сака подобро да ве запознае.
Кученце или друго животинче
Замислете како одвиткувате подарок и од кутијата излегува мало, преслатко, влакнесто главче кое ве гледа и мрда со опавчето затоа што ви се радува! За „тазе" врските, кога момчето ќе подари кученце или некое друго слатко животинче, тоа е добар знак. Значи дека сака да дели одговорност со вас и дека е посветен на врската.


















































