
Доколку вашето момче сака да го поминува слободното време во кујната, кујнскиот прибор ќе биде одличен за него.
Часовник, џемпер, моден додаток... Купувањето подарок за вашето момче понекогаш може да биде доста напорна работа. Вие и без тоа знаете дека подарокот треба да биде убав, практичен и личен, но што ќе му откриете со тоа?
Дознајте што значи вашиот подарок.
Кујнски прибор
Во последно време, мажите направија инвазија во кујните. Доколку вашето момче сака да го поминува слободното време во кујната, кујнскиот прибор ќе биде одличен за него, а вие му давате на знаење дека сакате тој да биде готвачот кој го украл вашето срце.
Литература
Паметните момци сакаат да читаат секаква литература. Книгите по негов избор ќе бидат одличен роденденски подарок. Вие ќе му покажете дека го сакате и почитувате на интелектуално ниво.
Спортски реквизити
Доколку е спортист, опремата која ќе ја подарите нема да му заврши многу работа затоа што тој веќе има една, ви текнува? Но, доколку е фан особено на некој спорт, влезниците за некој натпревар ќе бидат одлична идеја. Вие индиректно ќе му покажете дека и покрај тоа што не следите спорт, ќе сакате да го споделите тоа со него, затоа што го сакате.
Компјутерски додатоци
Доколку е фанатик по компјутери и целото слободно време го поминува на нив, верувајте дека доколку во вашиот подарок има некој компјутерски додаток ќе посака да ве ожени. Таквиот подарок ќе го израдува премногу, вие ќе му покажете дека и покрај тоа што не поминува многу време со вас заради компјутерските игри, ви значи.
.gif)






















.gif)























