
Мажите сакаат жени кои се фини и промислени, а најмногу мразат жени кои се компетитивни, полни со аргументи и покажуваат дека имаат нешто мажествено во нив.
Знаете ли како да натерате маж да флертува постојано со вас, да не го тргне погледот од вас и да ве покани да излезете? Дали знаете какви жени ги привлекуваат или и понатаму очајувате дека ниту едно момче не ве забележува?
Можеби е време да ја свртите страницата и да почнете да се жалите дека не можете да дишете слободно од премногу момчиња.
Мажите сакаат жени кои се фини и промислени, а најмногу мразат жени кои се компетитивни, полни со аргументи и покажуваат дека имаат нешто мажествено во нив.
Што треба да направите за да го заинтригирате и за да ви пристапи?
Бидете мистериозна
Покажете му дека сте самоуверена и дека го добивате она што го посакувате, тоа секако го вклучува и него.
Кога ќе ви пристапи, не се отворајте премногу. Кажете му ги основните работи што секој ги знае. Оставете да истражува, да се заинтересира за вас доволно многу за да посака да ве види повторно за да дознае уште повеќе работи за вас.
Немојте да бидете брбливка и да се фалите. Поставувајте му суптилни прашања и оставете го тој да ја води играта. Тоа не значи да се почувствува како да е на интервју за работа, но и да не помисли дека сте незаинтересирана доколку не му поставувате прашања.
Сигурна сум дека не саката уште на првиот состанок да знае што ве нервира, што се фасцинира, а што не. Водете ја играта полека, но сигурно.
Бидете приземјена
Немојте да се облекувате во алишта кои ќе говорат: „Да, богата сум и ништо не ми можете!"
Не се облекувајте како да одите на деловен состанок или ручек.
Едноставно бидете она што сте, во вистинското светло. Тој е единствениот начин преку кој надворешноста ќе рефлектира какви сте всушност од внатре.
Не се концентрирајте на една тема
Кога разговарате со него, не се концентрирајте само на една тема. Не се концентрирајте само на работата, на каква позиција сте и како ви е на работата.
Наместо тоа, обидете се да се фокусирате на заедничките интереси, на фамилијата, книги, филмови, миленичиња, а не на работи што се поврзани со кариерата и успехот што досега сте го постигнале.
Ова и на двајцата ќе ви помогне да видите дали помеѓу вас има емоционална хемија, а не само сексуална привлечност.
.gif)






















.gif)























