
Старите би ви рекле од љубов не се живее, но кога градите сериозна и стабилна врска, потребно е да му бидете потпора за се во животот.
За сите мажи, врската со успешна жена е доста комплицирана работа, доколку го заиграле орото, треба и вие да бидете сигурна дека сте тука покрај него и да се грижите никој да не излезе од таа врска со скршено срце.
Што треба да направите за да бидете успешна и во кариерата и во врската?
Најдете време
Секогаш наоѓајте време за него. Откажете состаноци, договори со другарите или другарките... На тој начин ќе се почувствува посебен во вашиот живот и ќе ве засака уште повеќе.
Нека прави гестови
Оставете го некогаш да направи нешто за вас без притоа да му велите да не се троши. Кога е решен да направи нешто за вас, оставете го, затоа што ако му велите да не го прави тоа, може само да го навредите.
Бидете независна
Покажете му дека во секој момент можете да бидете независна од него. Секој човек покрај себе сака возрасна личност, а не некое разгалено детиште за кое треба да се грижи и да изигрува мајка и татко.
Не купувајте скапи продавници
Никогаш не му купувајте скапи подароци затоа што и тој некогаш ќе сака да ви возврати со иста мера, но неговите ниски примања нема да му го дозволат тоа. Не треба да го присилувате да ги потроши тие пари поради нешто што е вистинито само во неговата глава.
Направете го поважен
Старите би ви рекле од љубов не се живее, но кога градите сериозна и стабилна врска, потребно е да му бидете потпора за се во животот.
Покажете му дека на вас ви е поважен од сите пари на светот, од сите луѓе кои ве опкружуваат, од сите обврски... Покажете му дека зазема голем дел од вашиот живот и дека сакате да бидете со него.
.gif)






















.gif)























