
Ако сакате да му се јавите, најдобро би било пред да го завртите неговиот број да се уверите дека имате доволно добра причина за да му се јавите.
Дали мажот е тој што треба прв да се јави? Дали се уште верувате во старомодните тврдења дека мажот е оној кој треба да го направи првиот чекор за да се развие некаква врска помеѓу вас?
Секоја модерна жена е доволно храбра да му пристапи на тој што ѝ се допаѓа и секако треба да знае и кога е вистинското време да го направи тоа.
Сега сте запознале, па според тоа кога не е вистинското време за да му се јавите?
Нервозни сте
Не дозволувајте да го оптоварите со вашите проблеми. Тој воопшто не ве познава и не е пожелно да создадете негативна слика за самите себе.
Немате причина
Ако сакате да му се јавите, најдобро би било пред да го завртите неговиот број да се уверите дека имате доволно добра причина за да му се јавите.
Следниот ден
Ако избрзате и му се јавите веднаш следниот ден, ќе заклучи дека лесно може да ве има. Ако чекате долго, многу е веројатно дека ќе го загуби интересот и вашето јавување ќе биде залудно. Затоа, почекајте барем 2 дена откако ќе го запознаете.
Не сте сигурни
Доколку не знаете што точно сакате од него, подобро е да се повлечете. Можеби тој навистина е заинтересиран за вас, па нема да биде убаво од ваша страна да му дадете лажна надеж.
Веќе сте се јавиле
Не смеете да се опседнувате со тоа каде е, со кого е, што прави. Сепак, штотуку се запознавте. Единствено што може да направите е да постигнете спротивен ефект и да го натерате да мисли дека немате свој живот.
Потреба од разговор
Верувајте дека новото момче кое штотуку сте го запознале не е вистинската личност доколку имате потреба од разговор. Ако имате проблем обратете се кај некој друг.
.gif)






















.gif)























