
Многу девојки по раскинувањето се плашат дека нема да најдат нов партнер. Тие мислат дека партнерот кој штотуку го изгубиле бил оној вистинскиот.
Кога една врска се прекинува, постојат безброј причини за крај, но резултатот сите го знаеме, затоа што во некој период од животот сме го поминале тоа.
Чувствата на болка, разочарување, лутина и желба за одмазда се неизбежни, но имаат крај!
Оставете ги спомените во минатото. Ќе сакате да му се одмаздите, но откажете се од оваа помисла. Поставете си нова цел: заборавете го и продолжете со животот без него.
Како да го сторите тоа?
Напишете што чувствувате
Дури и кога знаеме дека последната средба навистина е последна средба со него, секогаш го имаме она чувство дека не сме се докажале до крај. Во овој случај, најдобро е да напишете како се чувствувате, напишете ја секоја ситница што ви паѓа на памет и не грижете се за неговата реакција затоа што тој нема да го види тоа.
Вратете се во минатото
Многу девојки по раскинувањето се плашат дека нема да најдат нов партнер. Тие мислат дека партнерот кој штотуку го изгубиле бил оној вистинскиот. Но, тоа е лага! Отворете некој стар албум и дозволете им на фотографиите да ве однесат на прекрасно патување низ спомените. Ќе видите и сами дека вашиот живот бил среќен и исполнет пред да влета тој.
Сетете се на поранешните момчиња
Сетете се на средношколската љубов. Значи, сте биле повредени и претходно. И? Продолживте да живеете и најдовте ново момче. Историјата се повторува. Крајот на врската најчесто не е нешто што лесно може да го предвидите, но секој проблем има свое решение. Крајот на врската не е нешто што нема да помине за брзо време.
Направете промена
Сега сте сами и дозволено ви е буквално се. Договорете шопинг со пријателките, направете откачена фризура, облечете ги омилените тренерки и извадете ја шминката. Во меѓувреме не му се јавувајте и избегнувајте ги сите разговори за него. Нема потреба од разговори со пријателките за она што би било ако се случело поразлично.
Согледајте ги грешките
Ќе се сеќавате само на убавите работи што сте ги доживеале со него. Помеѓу сите убави искуства, ќе се присетите и на оние што радо би ги заборавиле, а кои ќе ви помогнат да се изградите во подобра и посилна личност. Анализирајте ги караниците, причините за истите и начинот на кој сте ги решавале. Запишете ги сите позитивни и негативни работи во врска со вас и со него и тоа нека ви биде лекција за некој следен пат.
Глумете
Иако не сте целосно закрепнати, добро е да се натерате да мислите дека се е под контрола. Со време, ќе почнете навистина така да се чувствувате. Ако не сте расположени за ново момче, не барајте утеха во туѓи прегратки. Често тоа е најлошото решение, а да не зборуваме за можноста да повредите некој што не заслужува да биде повреден. Дајте си време да се вратите во нормала, да бидете таа што бевте пред да го запознаете.
.gif)






















.gif)























