
Не се срамете да признаете дека сте направиле грешка и дека точно знаете каде сте погрешиле.
Се скаравте по ваша вина и сега не ви го прифаќа извинувањето. Ако не станува за некоја огромна грешка која сериозно може да ја загрози вашата врска и се уште има простор за извинување, сторете го тоа на вистинскиот начин.
Научете како да му се извините, а тој да ви прости без многу размислување.
Како да го сторите тоа?
Не се карајте
Кога се обидувате да се извините, не се обидувајте да ги мешате неговите претходни грешки затоа што разговорот ќе зафати друга насока и нема да се извините како што треба.
Уште еден момент на кој треба да внимавате, е тонот со кој му се обраќате. Ако сакате да се извините и тој да ви прости, не треба да му се дерете доколку тој смета дека не треба веднаш да ви прости. Со дерењето си ги зголемувате шансите никогаш да не ви прости.
Дајте му време
Знам дека по караницата, веднаш сакате да разговарате и да ги средите работите, но најдобро решение е да му дадете време. Оставете го лутината да му помине и да се смири.
Кај секој е тоа различно. Кај некој може да трае тоа неколку минути, додека кај некој друг неколку дена. Оставете го да си ја олади главата. Вие ќе почувствувате кога е подготвена за вашето извинување. Со ладна глава многу полесно ќе може да размислува.
Признајте ја грешката
Не се срамете да признаете дека сте направиле грешка и дека точно знаете каде сте погрешиле. Не се објаснувајте премногу и не барајте изговори зошто сте го сториле тоа. Едноставно признајте каде сте згрешиле и извинувањето ќе си дојде спонтано само по себе.
Внимавајте на зборовите
Изберете зборови со кои партнерот ќе се почувствува подобро во врска со вас. Набројте му зошто не треба да ви се лути и зошто е подобро доколку ви прости. Обидете се да му украдете насмевка.
.gif)






















.gif)























