
. Тие имаат потреба од постојана грижа и внимание. Најсигурно се чувствува кога го набљудува целиот свет околу него.
Во животот на секој човек, и мажи и жени, доаѓа време кога сакаат да се смират само со една личност и се надеваат дека таа е онаа вистинската.
Како жените да откријат што се крие зад некој маж и како да успеат да го најдат вистинскиот?
Срамежлив
Ваквите мажи се однесуваат како да се од сосема друга планета и да не разбираат што се случува околу нив. Тие имаат потреба од постојана грижа и внимание. Најсигурно се чувствува кога го набљудува целиот свет околу него. Тие се нежни и внимателни, а жените се чувствуваат сигурни во нивно присуство.
Оној кој ќе ве слуша постојано и нема многу да зборува со сигурност е ваков дечко. Тие сакаат самоуверени девојки и најчесто се врзуваат во долги врски.
Агресивен
Ваквите машки се агресивни, непредвидливи и склони на караници. Секогаш му смета нешто и никогаш нема сам да си ги признае грешките кои ги направил.
Кога станува збор за емоции, тоа е сосема непознато поле за него и едноставно е неспособен да размисли за сопствените постапки. Но, и покрај овие карактеристики, можеби на вас ќе би одговара.
Се разликуваат од другите машки по тоа што се најгласни во друштвото и постојано користат пцовки.
Тие ги преферираат мирните девојки за да можат да го истурат својот бес и незадоволство. Ако вие сте една од тие, тогаш треба да направите огромна жртва за него.
Коцкар
Вечни оптимисти и во финансиски проблеми. Животот го гледаат како една голема шала и игра на која мора да си ја пробаат среќата. Не мислат на пораз па затоа никогаш не се подготвуваат за ништо. Живее со полна пареа и не знаат кога е доволно.
И покрај несериозноста, тие знаат да бидат внимателни. Сакаат жени кои нема да зборуваат лошо за нив и ќе ги прифатат со сите нивни недостатоци.
Прачовек
Сосема конзервативни типови на мажи. Тие не ги сакаат самоуверените жени затоа што имаат застарени мислења за ваквите жени. Но, кога ќе размислите подобро, тие имаат такво мислење за сите жени.
Фамилијата му е на прво место и сакаат кога тие го имаат завршниот збор. Во некои случаи, тие можат да бидат паметни и снаодливи.
На почетокот нема лесно да откриете дека станува збор за ваков маж, но доколку подолго време не можете да го одгатнете, прашајте го што мисли за жените и се ќе ви стане јасно.
Ги сакаат незаштитените и несигурни девојки.
.gif)






















.gif)























