
Пред да се свртите на другата страна и да паднете во длабок сон, вметнете ја едната нога меѓу неговите и ставете ги рацете на неговите гради. Ќе се поврзете со него дури и кога одмарате.
Што вообичаено правите со партнерот непосредно по сексот?
Сигурно спиете, јадете или пак вртите канали на телевизорот, така? Тоа и не е сосема романтично со оглед на тоа дека неколку часа по сексот е најдобро време за да се зближите со партнерот. По оргазмот, хормоните кои се ослободуваат се оние кои ве прават да се чувствувате приврзано со некоја личност.
Но, како да се поврзете со партнерот? Секако не мислиме на интензивно гледање во очи туку нешто сосема друго.
Еве неколку предлози...
Пуштете романтична музика
Пуштете музика која ве потсетува на сите убави моменти со него. Со самото тоа што ќе ги слушате песните ќе мислите на истите заеднички моменти и ќе станете уште поблиски.
Исклучете се
Пред да се зафатите со сексуални активности, исклучете се што е со копче: компјутер, светло, ДВД... Така нема да се вклучите на Fаcebook по самиот чин.
Запалете свеќи
Запалете неколку свеќи, дали пред или по сексот и веднаш ќе се врати романтиката.
Масирајте го вратот
Влезете заедно под туш и масирајте си ги вратовите последователно. Хормоните што се опуштаат при оргазам се активираат со допир, со што ќе го продолжите чувството на близина.
Не се вртете на другата страна
Пред да се свртите на другата страна и да паднете во длабок сон, вметнете ја едната нога меѓу неговите и ставете ги рацете на неговите гради. Ќе се поврзете со него дури и кога одмарате.
Облечете се меѓусебно
Пополека закопчајте му ја кошулата и дозволете му да ви го закопча здолништето. Тоа е сосема доволно за да се зближите уште повеќе.
Не нарачувајте пица
Ако сте гладни, не нарачувајте пица од најблиската пицерија, туку извадете црвено вино и сирење. Ќе ја продолжите атмосферата што досега сте ја имале, а виното ќе ве опушти и двајцата.
.gif)






















.gif)























