
Мажите едноставно не сакаат да знаат дека парите ги трошите на работи кои според нив се едноставно непотребни.
Дури и кога сте во врска, треба да зачувате некаква приватност. Да, важно е да бидете искрени со партнерот и да знаете многу работи еден за друг, но верувајте дека понекогаш некои работи едноставно треба да се задржат за себе.
Нема ништо лошо во тоа да сте искрени, но нели помислувате дека некои детали од вашето минато може да го повредат партнерот?
Затоа некои тајни мора да се сочуваат. Кои се тие?
Невини флертови
Знаеме дека го сакате со целото срце, но тоа не значи дека сте слепа. Покрај тоа, да флертувате е здраво, нели се додека тоа не отиде премногу далеку. Убаво е да знаете дека сте привлечна за останатите мажи, но доколку и партнерот знае дека флертувате со некој друг, може да го направите само несигурен.
Вашите чувства за неговата фамилија
Дури и да немате добро мислење за неговите родители, особено за неговата мајка, не му го кажувајте тоа. Сигурно не сакате вашиот партнер да се почувствува дека мора да бира помеѓу вас и неговите родители. Бидете сигурни дека нема да се чувствува исто за вас. Затоа, доколку можете, избегнувајте ги средбите со нив.
Како ги трошите парите
Мажите едноставно не сакаат да знаат дека парите ги трошите на работи кои според нив се едноставно непотребни. Таков пример се високите потпетици и облеката. Затоа кога ќе ви даде комплимент за изгледот, не му ја давајте фискалната сметка.
Поранешни момчиња
Знае дека сте имале други момчиња пред него, но тоа не значи дека треба да знае детали од врските со другите. Сигурно не сакате секој пат кога ќе ве бакнува или кога ќе има секс со вас да замислува како сте го правеле тоа со поранешните момчиња.
Што мислите за неговиот подарок
Мажите не знаат многу како треба да се изразуваат па затоа подарокот е нивен начин за да кажат дека имаат чувства за вас. Не го одбивајте подарокот, затоа што може да се навреди. Наредниот пат, може потајно да му кажете што сакате за подарок. Наведете го сами. Потребна им е помош.
.gif)






















.gif)























