dvojka_vo_disko_a7 знаци дека е заинтересиран
Токму кога се решивте да пријдете, тој си замина... 
zbogummala„Збогум“ за последен пат
Зарем заслуживте лажна љубов, додека долги години не се штедевте за него?
broken_heartКако да препознаете дека сака да ве откачи?
7 предупредувачки знаци што ви велат: THE END!
vlaknest_mazШто не пали кај жена?
За кои работи жените не можат да прогледаат низ прсти?

Имавте секс за една вечер?

koi_emocii_ve_napdnaa

46% од жените после „еднократниот секс“ се чувствуваат злоупотребено и се каат за својата слабост и непромисленост.

Си го дозволивте и вие тој луксуз, а сега копнеете по мистериозниот принц... Ненадејно сексот за една вечер се претвори во водење љубов.

Дали и вие некогаш сте паднале на нечиј физички магнетизам и сте завршиле во прегратките на тотален странец? Напливот на страсти го надвладеал рационалното расудување, барем еднаш во животот, кај 50% од женската популација. Изненадувачки, но сексот за една вечер и порано осудуваниот амерички блуд стануваат македонско секојдневие. Едновечерните авантури неретко се резултат на љубовно разочарување, разнишана самодоверба или едноставно стануваат издувен вентил на модерните жени.

Но сепак ние сме балкански жени, иако рамо до рамо со Западноевропејките и Американките се бориме против половата дискриминација, се уште веруваме во „бајки" и водење љубов.

Неизбежното „Каде води сето ова?"

Можеби се прашувате дали сте единствените кои очајно по задоволувањето на нагоните бара некоја повисока цел, а по едновечерната авантура сонува за „олтар". Пристапот дефинитивно е погрешен, но некогаш не можеме да одиме против самите себе и токму затоа дури 46% од жените после „еднократниот секс" се чувствуваат злоупотребено и се каат за својата слабост и непромисленост.

Нормално ситуацијата кај мажите е поинаква. Тие се горди на својот статус „пастув" и дури 80% од нив со потковано, машко его тргнуваат во нови походи. Еволуцијата и борбата за опстанок ги претвори во будни ловци, сметаат психолозите.

Остатоци од добропознатото правило: Жените преку сексот бараат љубов, а мажите преку љубовта секс.

И вие се заљубивте во вашиот мистериозен принц, а тој само ладнокрвно пали цигара и се подготвува да замине....Тревога!!!

Не, само вдишете длабоко, зауздајте го емотивниот наплив и ставете ја маската на ледена принцеза. Само на тој начин ќе го привлечете неговото внимание и МОЖЕБИ ќе станете една од оние ретките кои едновечерната авантура ја крунисале во врска.

Секојдневно ќе чуеме по некој пример како долгогодишна, заљубена двојка шегобијно раскажува за своите почетоци со „секс без обврски", кој резултирал со интимност, чувства и искрена љубов.

Сепак да го сведеме ризикот на минимум!

Само почитувањето на своето тело и самоконтролата може да те заштитат од непотребни стресови. Верувај ти си доволно вредна да се будиш во прегратките на човек кој те сака и почитува, а тој е доволно вреден да му посветиш време да го запознаеш, процениш и освоиш на добриот старомоден начин- преку разговор и искрена насмевка.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?