break_up_1 Како да му раскинам?
Бидете цврста и одлучна, сторете го тоа во соодветно време и место.
42-23511714Апел до мажите преку 12 песни!
Иако знаеме, кажете ни одново и одново „I love you baby“.
mu_se_gazi_od_smeenjeШто криеме од нив?
Зошто не треба да споделувате премногу информации со партнерот?
decko_i_dve_devojki_pozadiНеколку сигнали што мажите не ги разбираат
Кои женски сигнали мажите никогаш нема да ги разберат?

Внесете адреналин во врската

 

vo_manastir

Поканете го на поинаков состанок, надвор од градот.

Да, и вие бевте една од оние среќни, заљубени двојки чии блескави очи оддалеку  ги издаваа... Другарките сонуваа за врска како вашата,а вие се прашувавте што сте направиле толку добро во животот за да заслужите ваква среќа. Деновите беа кратки, а заедничките ноќи ви се лизгаа низ прстите неосетно. И наеднаш од таква розова бајка како сив облак да се спушти над вас, а вие секоја вечер заспивате со помислата „каде исчезна магијата“?

Заљубеност Vs. љубов

Не грижете се...Не сте ни првата, а уште помалку последната двојка која постанала заробена во навиките и подзаборавила што беше тоа адреналин, возбуда и слатки планови.  Силните емоции на почетокот од врската ве направија доволно блиски да се чувствувате пријатно и убаво заедно на било кое место, во било кое време. Но едно е заљубеноста, а сосема друго љубовта. Заљубеноста е хемија, момент, залет, додека пак љубовта е нешто сосема друго кое треба да се надградува и негува од ден во ден. Довербата, разбирањето и комуникацијата се камен темелник за една врска. Но сепак монотонијата и тоа како може да натежне на темелите.

Спремете се за акција

Размислувајте за местата каде што не сте биле заедно до сега, искусете нешто ново, запознајте нови луѓе, дружете се!

Отидете на утринско кафе, но овој пат не кај него дома или на улица Ленинова. Дома сварете кафе, ставете го во термос, спакувајте некоја прекривка за седење и правец Скопска Црна Гора. Свежиот планински воздух позитивно ќе влијае на вашето здравје, а вие ќе уживате сами во природата.

Проверете го распоредот на железничката станица и резервирајте карти до манастирот во близина на Велес или било кој друг по ваш избор. Возењето со воз ќе му даде уникатен белег на ова патување, а манастирот ќе ви пружи духовен мир и ќе ве восхити со својата античка убавина.

Оваа година на место да отидете на викенд во Охрид, по речиси 100-ти пат, појдете во селото Радожда. Ќе уживате во селскиот амбиент, а нема да ви биде одземено ни задоволството да ве заплискуваат брановите на Охридското Езеро. Понесете трски со себе. Верувајте вие ќе се релаксирате, а вашето момче ќе биде воодушевено од вашиот интерес за овој рекреативен спорт.

Појдете во најблиската продавница и купете ги сите видови на пудинзи, бисквити и чоколади за готвење и експериментирајте во кујната. Направете ја најголемата торта по ваш измислен рецепт, закитете ја со засладени јаготки и славете го на пример 76-тиот ден од годината.

И кога не е Нова Година - прославете, и кога не е 1-ви Мај- направете скара во природа со пријателите, и кога не ви годишнина од врската- подарете му нешто. Па кој вели дека секој ден не може да биде Велигден!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?