
Кулминацијата на овој трагичен крај е борбата за заљубениот- тој кој сакајќи да го спаси недореченото нанесува дополнителна болка на љубената.
„Ти плачеш и гориш за разделба збориш заминуваш ти, а имаш ли сила да размислиш мила што ќе сториш ти.. Ме оставаш мене за друг да те земе не те давам цвету мој, кажи ми кажи дал постои друг во животот твој"..... Ги слушавме пред некој ден, ги чувме за прв пат пред многу години, а ќе ги чуеме сигурно повторно уште многу пати овие стихови на Драган Мијалковски, на кои времето не им одзема ни ронка од нивниот сјај.
Двоумењето и болката при разделбата со љубениот ги затреперува женските срца без разлика на епохата во која живеат. Солзите се неизбежна круна на секоја разделба, а несигурноста во причините за напуштање на партнерот се правопропорционални на љубовта која тлеела меѓу нив. Без разлика дали причината е згаснатата љубов или пак нов човек во нејзиниот живот болката царува. Од некои одлуки нема назад, а поминатите возови не се враќаат, па така товарот е поголем за оној кој пресекува во врската и на себе треба да ја носи сета тежина на својата правилна или неправилна одлука.
Секоја врска ви носи своја приказна и различен крај. Ако сте биле изневерени од партнерот сигурно бегате од него со вртоглава брзина не обѕирајќи се наназад. Пресудата во овој случај тој сам си ја има изречено. Или пак можеби има нова љубов на повидок во вашиот живот? Тогаш нешто од внатре ве води, но секогаш имате соменж во исправноста на одлуката. Ако пак едноставно хемијата престанала, а вие не сте спремни да живеете живот без љубов тогаш прекинот на врската е единственото решение.
Со тажен лик и насолзени очи доаѓаш ти, ко ветрот тих во моите ноќи, каков ли бол ги стопи твоите полетни крила... Ти моето цвеќе не го примаш веќе, бегаш од се што било дел на овој свет. Фиданка е душата на една жена, а уште покревка е кога треба да замине од човекот кој и бил цел свет, кога треба да стави точка на приказната можеби недоречена, можеби одамна избледена. Свесно ја прекинува врската и им пркоси на времето и спомените се со стремеж за подобра иднина. Тешко се залечуваат еднаш скршените крилја или еднаш повредената женска душа.
Кулминацијата на овој трагичен крај е борбата за заљубениот- тој кој сакајќи да го спаси недореченото нанесува дополнителна болка на душата на некогашната негова љубена и удира по камен темелникот на нејзината храброст кој како песок се одронува на секој негов нов кажан збор.
Но реално гледајте! Штом ситуацијата во вашата врска го достигнала дереџето на кое се наоѓа денес тој најверојатно не вложувал тогаш кога било потребно. Сигурно не малку пати сте го предупредиле за работите кои ви сметаат или дека врската ви е во криза. Ако тогаш немал доволен мотив да поработи на тоа зошто пак сега да му давате шанса?
Ти мој си свет и до сонцето дар најубав цвет на мојата младост, но остануваш друга сосема друга, бегаш од се што било дел на овој свет. Само храбрите достојно заминуваат кога ќе дојде времето. Тие не се држат себе си и партнерот во илузијата дека се е како што некогаш било. Не остануваат заробени плашејќи се да не го повредат партнерот туку се свесни дека со останувањето со него само прават полошо гаејќи нешто кое одамна завршило.
Зошто да го изневерувате партнерот и да си ја рушите репутацијата во градот? Можете сосема достојно да ја завршите таа врска во која љубовта престанала и целосно да уживате во својата слобода, авантурите или едноставно да излезете во град без некому да оддавате извештај за тоа. Речиси се е минливо во животот, па така ставете точка кај што нема повеќе што да се каже и доживее затоа што животот е само еден, а неискористените прилики никогаш нема да ви се укажат повторно.
Уживајте во животот затоа што спомените се се што ќе ви остане!.gif)






















.gif)























