
„Мажите никогаш не паметат, но жените никогаш не забораваат.“- Непознат извор
Жиговите на различните полови се втиснати во нивните зборови, а оние највпечатливите постанале дел од историјата. Еве го наследството од минатите генерации кои го опишуваат своето доживување на спротивниот пол:
Мажи за жени
„Големото прашање кое никогаш не било одговорено и се уште нема одговор, и покрај моите 30 годишни истражувања на женската душа е: Што сака жената?“- Sigmund Freud
„Мажите се како кучињата. Тие постојано се враќаат. Жените се како мачките. Викни им еднаш.... и ги снемува.“- Lenny Bruce
„Лицето на мажот е негова автобиографија, а лицето на жената е дело на нејзината фантазија“- Непознат извор
„Не чекајте ја добрата жена. Таа не постои.“- Charles Bukowski
„Жената треба да го омекне, а не да го зајакне мажот“- Sigmund Freud.
„Жените не се ништо друго освен машина за продукција на деца.“- Napoleon Bonaparte
Жени за мажи
„Често гледате паметни мажи со глупави жени, но ретко кога ќе видите паметна жена со глупав маж.“- Laura Swenson
„Во политиката, ако сакате нешто да кажете- прашајте маж, а ако сакате нешто да сторите- прашајте жена“- Margaret Thatcher
„Мажите никогаш не паметат, но жените никогаш не забораваат.“- Непознат извор
„Некои од нас постануваат мажот за кој сакале да се омажат.“- Gloria Steinhem
„Кога го сретнав Господин Вистински немав идеја дека неговото прво име беше Засекогаш“- Loisa May Alcott
Откријте ни го вашиот цитат од великаните или пак од обичните смртници со ум на великани...
.gif)






















.gif)























