zenkarce1Стоп за мазохизмот: Време е за љубов!
Зарем може да вас да биде совршен оној кому не сте му доволна?
zamislen_mazШто ви кажуваат неговите секс–сигнали?
Дали момчето е хомосексуалец штом не сака да спие со мене?
te_fativ_na_deloКаква фаца прави кога лаже?
Изразот на лажење трае само неколку секунди затоа бидете подготвени да го уловите.
sonce1_copyМомчето со сонце во очите
Додека се движеа заедно тој ниту еден единствен пат не се сврте по друга девојка, постоеше само таа.

Тој е се, но само едно не!

mazot5

Студирал затоа што од дома така му наредиле, работи затоа што вие до вчера го притискавте да најде работа.

И токму кога помисливте дека го најдовте Господин Совршен,а врската ви беше нереално убава се појави проблем. Тој има толку многу особини кои си посакувавте кај својот партнер, но има и една од овие 4 која знае стварно да ве извади од кожа, па дури на моменти да ве натера да помислите за крај, но потоа повторно рационално размислувате и го слушате срцето и останувате покрај својот Господин Совршен. Свесни сте дека премногу барате, а и вие самата сте нормално со многу маани, но оваа негова иритирачка особина ви ги затемнува утрата и вознемирува ноќите.

Не е дружељубив

Тој е убав, образован дечко и со него поминувате незаборавни мигови. Но проблемот е кога ќе излезете со вашето друштво тој наеднаш како да станува срамежлив и повлечен. Молчи поголемиот дел од времето, а речиси секоја тема му е „здодевна“ за да се вклучи во разговорот. Постојано се вади на изговорот дека вашите пријателки не му обрнуваат внимание или дека не може да се забавува заедно со вас бидејќи не е дел од вашата долгогодишна дружба. Од друга страна пак кога ќе споменете да излезете со неговите другари, тие наеднаш стануваат презафатени или пак не може да одбере соодветно место кое би одговарало за двете страни што ве тера да се запрашате и дали воопшто ги има?

Не е амбициозен во животот

Студирал затоа што од дома така му наредиле, работи затоа што вие до вчера го притискавте да најде работа и постојано му велевте дека е единствениот од неговото друштво кој на таа возраст има обврска само да спие до пладне и да гледа па минимум 2 филма на ден за да го пополни времето. Ништо не прави на своја иницијатива, неретко се чувствувате како негова мајка која постојано префрла и негодува за нешто. Па што ако е толку добар и ве држи како капка на дланка, кога вие треба цел живот да бидете генератор на неговите животни случувања? Размислувате дали може да се потпрете на таков човек и дали ако со таков човек основате семејство вие ќе бидете благајник, работник и организатор?

Премногу е љубоморен

Имате прекрасна врска која тврдоглаво како да сака да ја упропасти со своите драми и преувеличувања. Вие сте единствената од вашите пријателки која ретко смее да излезе сама, а кога ќе го сторите тоа телефонот мора да ви биде на маса и да го чуете дури и во најгласното диско и тоа 5 пати во истата вечер. Го кажавте времето на излегување, местото на излегување, имињата на цело друштво (нормално строго жени), а тој сепак најде причина за кавга. Тој е посесивен тип, неговата љубов на моменти ви задава болка и ви снемува воздух во стакленото ѕвоно во кое ве чува, а тој неосетно прави смртен грев за вашата врска.

Лош е во кревет

Го сакате вие, вашите пријателки, па дури и вашите родители се воодушевени од ова убаво, фино, културно и паметно момче. И токму кога рековте конечно најдов се што сакав кај еден маж сфативте дека е лош во кревет. Не многу надарен, мрзоволен и некреативен. Често се фаќате пред спиење како размислувате што ако го поминете целиот живот со него, дали сите други квалитети можат да ја надополнат жртвата за скратеното сексуално задоволство? Се плашите дека оваа негова „ненадареност“ еден ден може да биде главна причина за да потклекнете пред искушението и да посегнете по оргазам од туѓ маж.

Дали вреди да се замижи пред оваа негова иритирачка особина кога тој има се друго што ви е потребно?

Моќта е во несовршеноста да се најде убавината, а несовршените луѓе и љубови се оние вистинските.... Се друго е нереална филмска бајка.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?