
Украсете го со шлаг, парчиња свежи јагоди, киви или било кое овошје по ваш вкус.
Подгответе му слатко овошно суфле за кое не ви е потребно многу време ниту пак печење. Тој ќе биде изненаден од пријатниот вкус, а полезните состојки како лимонот во овој десерт ќе ве внесат во тајните на здравото готвење и правилната исхрана.
Потребни состојки за суфле:
-5 jајца
-150 грами шеќер
-3 лимони (кората и сокот)
-1,5 лажица желатин
-4,5 децилитри слатка павлака
-парчиња свежо овошје, шлаг, чоколадни мрвици или гумени бонбони со кои можете да го украсите десертот.
Начин на приготвување:
Изрендајте ја кората од лимонот, но само површинскиот слој кој ќе даде силен вкус, а потоа исцедете го сокот.
Одвојте ги жолчките од јајцата од белките и во жолчките додадете ја изренданата кора од лимон и половина доза од шеќерот. Добро измешајте ја смесата со миксер, а во друг сад измешајте ги белките со остатокот од шеќерот.
Желатинот растопете го на пареа и додадете ги жолчките и уште еднаш измешајте за смесата добро да се сврзе и додадете ја слатката павлака, односно шлагот. Белките додадете ги на крај и сето тоа добро измешајте го.
За суфле ви се потребни и калапи или здели со хартија за печење. Надворешниот дел од калапот премачкајте го со многу малку масло и обложете го со хартија за да се залепи. Наполнете ги калапите со густата смеса, ставете ги во фрижидер и оставете ги да постојат најмалку 4 часа.
Откако смесата ќе се стврдне нежно одвојте ја хартијата и вашето суфле е спремно за декорација.
Украсете го со шлаг, парчиња свежи јагоди, киви или било кое овошје по ваш вкус. Освежителниот ладен десерт е спремен за послужување. Добар апетит!
.gif)






















.gif)























