
До вчера му купуваше боксерки, денес му кажува дека маринираниот стек е штетен по здравјето, а утре ќе му каже колку деца да имате.
Не сте ниту првата, ниту последната која е алергична на мамините синчиња.
Мажи со речиси наполнети 30 години кои се уште слепо се држат за фустанот на мама и го слушаат секој нејзин кажан збор како издресирано кутре – стопанот, не ви се ни малку привлечни.
Нападна мама
И се прашувате како на оваа жена не и беше жал за цел живот да го осакати својот син, кој толку многу го сака, и токму со таа нејзина прекумерна љубов и грижа да го претвори во триесетгодишно дете неспособно да се бори само во животот и сам да проценува што е добро, а што не за него.
До вчера му купуваше боксерки, денес му кажува дека маринираниот стек е штетен по здравјето, а утре ќе му каже колку деца да имате.
Преку глава ви од се, токму вам, таа независна девојка на која никој не може да и застане на патот и способна е да се грижи сама за себе, сега налета на ваков партнер. На мигови помислувате да го продолжите животот без ова возрасно дете, но сепак не можете да пресечете бидејќи тој има многу што да понуди.
Тој не го прифаќа својот недостиг на машкост
Паметен, убав, фин и културен дечко чиј единствен грев е што лошо е воспитан, а најтрагично од се е што неговата мама која му се јавува на секои 10 минути не ја смета за негова маана, а човек кој некоја појава не ја смета за маана, нема ни да се потруди да ја поправи.
Напати мајка му ѕвони додека вие имате секс, а кога сте на врвот од задоволството ете ја неа повторно, ќе затропа на вратата е тогаш веќе е кулминацијата на оваа трагикомедија.
Неспособен да се спротивстави
Од друга страна пак и тој... Како ова речиси совршено момче може да биде толку слабо и да не може да му каже стоп на своето семејство да му се меша во животот и да биде виновник за уште една негова пропадната врска.
Можеби токму вие бевте вистинската за него, но тој никако да се потруди доволно да ве задржи во својот живот. Па на крајот на краиштата си помислувате како ќе подигате семејство, ќе создавате куќа и ќе чувате деца со овој човек, кој при првиот проблем ќе оди да си ги избрише солзите од престилката на мајка си и ќе се теши со топло приготвениот сутлијач специјално за најмалото синче.
Има ли спас?
Што да направите за мажите да станат мажи и да сфатат дека жените се алергични на лигави, кршливи мамини синчиња неспретни да се борат сами во животот.
Ако тој не може да се противстави на своето семејство да му се меша во животот, нема да може ниту на шефот, ниту на провалникот кој не дај боже ќе влезе во вашиот иден дом. Па што ќе вие е ваков маж покрај себе.
Ако не сака да ги прифати вашите јасно искажани замерки заминете си без да погледнете наназад, бидејќи вие ништо не можете да сторите ако тој не ја сфати својата преголема маана и започне да работи на неа или пак ако сте флексибилна жена научете да живеете со неа, но не трошете повеќе енергија на бескорисни совети.
.gif)






















.gif)























