
Мажите како да се плашат од татковците на девојките. Можеби самата помисла дека ја виделе нивната ќерка гола, ја вратиле дома во 5 часот изутрина, а понекогаш дури и ја расплакале, по автоматизам во нивната глава засадува идеја дека нејзиниот татко сака да ги елиминира.
Но, не премногу големата љубов ја има и во обратната насока....
Неговата мала принцеза, која некогаш носеше пелени, опавчиња и розови фустанчиња, денес носи потпетици од 12 сантиметри и куси провокативни фустани, кои буквално ја оцртуваат нејзината силуета, а тој тоталниот странец во нејзиниот живот ужива во благодатите на нејзиното тело.
Идејата дека таа е веќе голема девојка, која знае да се грижи за себе и веќе ги искусила сите земни задоволства како да има забранет влез во главата на татковците. Заштитнички настроени, иако се обидуваат да го контролираат тоа, тие секогаш се непријател број 1 на вашето момче.
Современи татковци
Отсекогаш таткото го сакал најдоброто за својата прекрасна ќерка, а некој новодојденец во нејзиниот живот да и го скрши срцето или да ја искористи е најголемата казна за него.
Оние татковци со посовремени сфаќања се трудат да држат чекор со времето и прават мудар избор да бидат отворени се со цел да ги запознаат момчињата со кои неговата ќерка го поминува времето. На тој начин со своето искуство и мудрост можат многу полесно од неа, која во моментот носи розови очила, да го проценат квалитетот на ова момче и дискретно да влијаат врз одлуката дали таа да го помине остатокот од животот со него.
Преку отворените разговори со својата миленичка и нудат совети полни полувековно искуство, вредни непроценливо богатство и искрени од се срце.
Старомодни татковци
Оние останатите, тврдокорни Балканци, не дозволуваат дома да пристапи маж, кој не е во роднинска врска со ќерка им, имаат штит за секој разговор на оваа тема и живеат во илузијата дека нивната ќерка е невина принцеза.
Токму тие ќерки смениле можеби 10 пати повеќе сексуални партнери од оние современите и со отворени гледишта, но разликата е што тоа го направиле далеку од очите на јавноста, на Водно или можеби во соба во локалниот мотел.
Зарем тоа е подостоинствено? Да не знаеш каде е сопствената ќерка, кој е нејзино момче и да се лажеш сам себе дека таа не прави ништо повеќе од бакнеж во образот.
Втората лоша работа кај овие старомодни татковци е што живеат за мислењето на другите. Што ќе кажат соседите, што ќе кажат роднините, а не е свесен дека тие веќе знаат за тоа, без разлика што тој дома не дозволува пристап за нејзините момчиња, ја сретнале многу пати по градов рака под рака со некој од нив или седната во нечиј скут. Да се биде или не, современ родител?
.gif)






















.gif)























