
Присвојте го мотото „Нема што да изгубам“. Малку ви е чудно, но бестрашните секогаш ги добиваат момчињата.
Уште сте сингл, а летните мушички се мотаат низ вашата глава и чувствувате непресушна желба за флерт?
Иако и сингл девојка е среќна девојка, сепак време е за летна акција! Еве 10 начини за креативен пристап на момчето кое ви се допаѓа или пак за да најдете такво.
- Распрашајте се по сите ваши пријатели дали знаат некое сингл момче. Може ќе ви биде непријатно, но барем нема да ве чека некое непријатно изненадување.
- Присвојте го мотото „Нема што да изгубам“. Малку ви е чудно, но бестрашните секогаш ги добиваат момчињата.
- Извежбајте ја вашата заводлива поза. Главата наведнете ја благо надолу, па на страна, погледнете низ трепките и насмевнете се. Оваа поза ќе му даде дозвола да ви пристапи, верувајте делува.
- На мажите секогаш им го привлекува вниманието друштвото од неколку девојки. Затоа фатете ги под рака вашите две најблиски пријателки. Кога ќе стигнете во кафулето, одделете се малку од нив и разгледајте наоколу. Момчето кое ќе ви се допадне „застрелајте“ го со поглед, ним им е потребна сета помош што можат да ја добијат.
- Појдете порано од закажаниот термин во фитнес центарот и фатете го местото до згодниот тип, кој одамна го меркате. Можеби ќе соберете храброст да го прашате да биде ваш личен тренер.
- Наместо да го јадете оброкот на работното место зад вашето биро, излезете на пауза во прометниот дел од градот, а кога ќе забележите згодно момче, седнете во близина и започнете некој мал разговор.
- Со постојаните проверки на фејсбук профилот на вашето поранешно момче престанете веднаш! Наместо тоа побарајте ги момчињата во кои бевте затрескана уште во факултетските денови.
- Разговарајте со најмалку 3 момчиња, на места на кои вообичаено никогаш не би флертувале. Разговорот со момчето во лифтот или келнерот ќе ги подобри вашите флерт вештини.
- Зачинете го шопингот, ако наидете на слатко момче, одберете една машка блуза или ремен и приближете му се со изговор дека е роденден на вашиот брат, дали би сакал да ви помогне во изборот.
- Осмелете се на комплетен странец да му дадете картичка со вашиот број и кажете му да ви се јави.
Смело, креативно и невообичаено... Летото е време за предизвици. Само напред! За многу кратко време ќе водите слатко момче рака под рака.
.gif)






















.gif)























