
Збирот од карактеристики го прави можеби вистинскиот за некоја друга, но не и за вас.
„Сите мажи се исти“ е веќе одамна избледена фраза. Секој еден од нив е различен, уникатен и неповторлив. Збирот од карактеристики го прави можеби вистинскиот за некоја друга, но не и за вас.
Да научите да уживате и да го прифатите несовршенството, да ги сакате сите негови доблести, но и маани е единствен пат за искрена љубов и успешна врска.
Зависно од вашиот карактер, апетити и желби вие најдобро ќе одлучите каков тип на маж вам ви одговара.
Тип 1
Смирен карактер, кој и покрај својата убавина, цврсто стои на земјата. Бројот на цртки покрај креветот никогаш не бил негово мото, а знае да биде целосно предаден и верен на својата партнерка. Се прилагодува на секое друштво, комуникативен и информиран на секоја тема, но никогаш не е премногу нападен или ѕвезда во друштвото.
Неговиот стабилен карактер ќе помогне во смирување на секоја ваша бура, а неоснованите караници ќе бидат сведени на минимум. Ќе биде посветен сопруг и татко, кој ќе го почитува домот и несебично ќе ви помага во домашните обврски.
На мигови можеби ќе ви недостига адреналин и ќе ве иритира што тој повторно си легна во 22 часот, со затоа пак ќе бидете сигурна дека секоја негова мисла е насочена кон подобро утре за вас и вашето семејство.
Тип 2
Секогаш во центар на вниманието, маж од чија уста како река течат шеги, а сите околу уживаат во неговата духовитост. Далеку од убав, но после само неколку мига поминати со него и неколку реда разговор тој ви станува магнетски привлечен.
Шармантен, самоуверен, спонтан со него животот ќе ви биде авантура.
Но треба да знаете дека детето во него ќе живее цел живот, секогаш ќе сака да излегува со пријателите, ќе се врати пијан дома, а да ви помогне во домашните обврски не е на неговото мени. Ќе имате многу пријатели, адреналин, но и непроспиени ноќи од неговата несериозност кога е во прашање работата, финансиите или животните планови. Да живее од ден за ден со најголема брзина е неговото мото.
.gif)






















.gif)























