
Знаете дека денот пред тој да ве напушти нема да биде последниот среќен ден во вашиот живот.
Ја слушате таа девојка, а не можете да ја затворите устата од зачуденост. „Не можам да дојдам со вас, бидејќи имам планови со партнерот.“
И на прв поглед не ви изгледа ниту чудно, ниту казниво, но ситуацијата беше таква што нејзините десетина другарки од одамна завршеното средно училиште се собраа прв пат после повеќе години, а пак таа не можеше да направи жртва и да го откаже планот за гледање филм кај неа дома на момчето, со кое што е заедно секој ден во последните 4 години.
Другата пак работи по цели 10 часа на ден до истоштување, за да обезбеди пари за одмор со момчето, кое и здраво и работоспособно никако да најде за сходно да побара работа. И тој е една од машките спонзоруши на повидок!
Редица потчинети жени
И ред други примери кои кожата ви ја ежат. Како можат овие девојки да го ставаат своето момче пред себе, да ползат пред неговите нозе, а тој да биде диктаторот на нивното животно темпо? Да ги прашате кога тој направил за нив некоја ваква жртва, ни самите нема да се сетат.
И вие искрено љубите, но...
Да, и вие го сакате своето момче, но на пиедесталот секогаш седите вие, вие сте најважната личност во вашиот живот вашите цели, потреби и соништа, Знаете да направите жртва, некогаш да премолчите и проголтате, но во секоја друга пригода си стоите цврсто зад своето „јас“.
Да, го сакате него, но себе си повеќе! Некои ќе го оценат како себично, други како не вистинска љубов, но само вие знаете дека искрено го сакате и тој е мотив на вашиот ден. Но исто така знаете дека денот пред тој да ве напушти или вашата врска да прекине сигурно нема да биде последниот среќен ден во вашиот живот.
Магнетизмот на исполнетата жена
Вие можете да живеете без него, но не сакате! Во оваа реченица е скриена сета магија на моќните жени кои знаат да сакаат.
И ако еден ден прекине вашата врска, тоа ќе биде крај само на едно поглавје од вашиот живот, а веќе следниот ден е едно сосема ново поглавје на феникс кој се издигнува од правот, продолжува понатаму и се вивнува во облаците повисоко од порано.
Секој нејзин лет е повисок од претходниот, бидејќи вашите крилја се зацврстени од претходниот, но и затоа што вие сте жена која пред себе има сон. Сон за среќа, успех, адреналин, реализација на се што ќе замисли.
Вие нема да ги расипете најдобрите пријателства или да работите до истоштување само за него да го задржите крај себе, по цена на потчинетост или по цена на пари. Вие ќе го задржите крај себе со магнетизмот на исполнета жена која знае што сака во животот, а покрај себе и е потребен рамноправен партнер, а не диктатор и тиранин, кој ќе го сака повеќе од себе си.
.gif)






















.gif)























