
Тие исплашени во своето гнездо ги кријат емоциите, како змијата нозете, а ако ви се предадат целосно мислат дека ќе ги искористите, повредите или напуштите.
Кога дозволивме мажите да владеат со светот? Зар ние сме кршливи кукли, неспособни да постават правила на игра? Кога мажот стана диктатор на нашите животни случувања?
Особено што во последно време се повеќе си даваат за право да поставуваат правила во вашиот живот, се жалат на премалку внимание, па на преголем притисок врз нив, па на љубоморни сцени од ваша страна, па на незаинтересираност.
Еднаш одамна ние бевме комплицираните, но денес круната заслужно си ја носат на главата, за која ви се потребни 5 лопати, 3 дупчалки и 2 багера за да ископате што се случува.
Затворени за емоции
Затворени во себе, рамнодушни кон секој ваш коментар со најочајната изјава на сите времиња „Ако не ти одговарам, најди си подобар дечко“. Зар заборавиле дека љубовта подразбира и жртви и прилагодувања и внимателно слушање? Па и до кога ќе живеат во илузијата дека се единствени и најдобри?
Зар не сфаќаат дека единствената причина, освен љубовта, поради која се борите за оваа врска е вашиот премор од трагање и отпочнување на нови врски, одново и одново? Сето тоа запознавање, кое некогаш ви беше послатко и од бајадера, денес на ваши 25, 30 или 35 години ви е дежа ву, а несозреаните мажи повеќе не се омилен оброк на вашето мени.
Фобија од скршено срце
Се повеќе наликуваат на исплашени пилиња, кои ќе се свиткаат во безбедното гнездо на своите родители, а искажувањето на емоции не го прават од единствена причина - страв! Можеби еднаш како деца им било скршено срцето, а сега се кочат секој пат кога треба да изјават „те сакам“. Послаби се од нас!
Ние знаеме да сакаме, да преболиме, да заборавиме. Тие исплашени во своето гнездо ги кријат емоциите, како змијата нозете, а ако ви се предадат целосно мислат дека ќе ги искористите, повредите или напуштите. Не знаат да живеат за моментот и затоа целата врска ја прават хорор за вас, а на крајот? На крајот тие се оние кои плачат, можеби не со солзи, но плачат со срце. Испуштените прилики не се враќаат, а кавалерите за вас сепак постојат!
Ве туркаат во туѓа прегратка
И кога случајно ќе направите некое кратко патување, и ќе видите мажи во вистинска смисла на зборот со поинаков менталитет комплетно се разочарувате од нашата средина. Тие знаат да ве чуваат како капка на дланка, и кога ќе им кажете „не“ се уште ви се додворуваат или пак културно отстапуваат, а не како нашите скопски „мангупи“ после одбивањето да го сменат комплетно однесувањето кон вас, а се што може да добиете од нив се иронични коментари, подбивање и потценување.
Сами газат преку себе, бидејќи само 3 часа пред тоа се за што мечтаеја беа вашите усни. Промената на однесувањето е плод на нивната недоволна самодоверба и напумпано его.
Исфрустрирани од нивната нереализираност во животот, лошата изведба во креветот, доминацијата на авторитети во нивниот живот или редица други причини својот бес и незадоволство од животот го истураат на вас.
Научете мажи да ја цените вашата партнерка! Таа утре ќе биде најважната жена во вашиот живот, вашата сопруга и мајката на вашите деца, зар може некоја друга да ви дари нешто повеќе од тоа? Нежни утра, бурни ноќи, топли семејни оброци…
.gif)






















.gif)























