
Денес имате маж покрај себе за кој сте една и единствена, несовршена и најдобра.
Ја чувствувате вибрацијата на неодоливиот шармер, го гледате неговиот поглед директно вперен кон вас, а со секој негов чекор се повеќе го чувствувате неговиот мирис преполн со феромони, кои ве излудуваат.
Но и покрај сета оваа адреналинска драма вие не почувствувате желба да го бакнете. Се што сакавте од него се неговите погледи кои ја билдаа вашата самодоверба и адреналинот кој го разгоре вашето либидо, но во насока на вашиот партнер. Сфаќате дека се што замислувате во моментот се меките сочни усни на вашето момче и неговиот топол здив по вашето тело.
И тогаш светна ден!!!
Порано си велевте дека е неправилно да го изневерите вашето момче, но сега тоа не го велите, не се обврзувате себе си на верност со умот, тоа веќе го стори срцето за вас. И конечно ви се враќа филмот и зборовите од вашето поранешно момче „зарем треба да ти кажам благодарам што си ми верна?“
Во тоа време размислувавте дека фактот што не сте го изневериле ниту еднаш ве прави добра девојка, но сега сфаќате дека се било само ваше припишување на заслуги кои воопшто немаат реална основа. Сфаќате дека верноста сама по себе е рефлексија на љубовта и оди неразделно од неа.
Не барајте „благодарам“ за верноста!
Повеќе не барате ниту „благодарам“, ниту го споменувате тоа како ваш придонес за врската. Од сега па натаму за желбите станува збор, а вие немате ниту најмала желба да се разбудите во туѓа прегратка. Можеби затоа што знаете дека таму нема да има срце чиј ритам се менува во вашето присуство, ниту насмевка која ја мамите со вашето опавче врзано на страна, подочници и нерасонети очиња.
Денес имате гнезденце каде можете да ги свиете нозете кога надвор врне и да се засолните при секоја животна бура. Денес имате маж покрај себе за кој сте една и единствена, несовршена и најдобра.
Не терајте го телото на грев, кога срцето вели „не“!
Бидете несовршена во секој поглед, но бидете совршена во реализацијата на чувствата. При првата кавга со партнерот не терајте го телото на нешто кое срцето не го посакува, не правете ја грешката на многу девојки, не барајте утеха во туѓата прегратка.
Таму нема ниту топлина, ниту минато, зар за тоа вреди да упропастите нешто што градевте гранче по гранче?
Не прилега на искуството!
Бевте еднаш одамна средношколка, а ваквите гревови ви беа простени или остававте пустош зад себе во нечии срца без да помислите на „извини“. Но вашите 17 години тогаш беа доволни за прошка за непромисленоста, но денес кога сте жена и се декларирате како пропагатор на вистинската љубов, не фрлајте сенка на сите тие залагања, не барајте благодарам за верноста и во ниту еден миг од кризите во вашата врска не помислувајте на најлесниот излез.
Пораснавте, имате пат и искуства и грешки зад себе тоа ќе биде доволно да се изборите со кризите и да не заплакате сами во ноќта, но верноста нека остане недопрена.
Бидете чисти пред себе, полевајте го семето за вистинска љубов и мирно спијте во вашиот земен рај!
.gif)






















.gif)























