maz_masturbiraДали вашиот партнер е зависник од порно-страници?
Кога границата на нормално преминува во нешто што се нарекува зависност од големи гради? 
maco_ne_sakamМачо не сакам, романтичар не трпам!
Дали некогаш и вие сте се фатиле во ситуација кога не знаете што сакате?
gluv_deckoМажите се глуви за...
Помалку зборат, повеќе слушаат, никако не сакаат да слушаат за...
nejzinata_rakaНе сте му пријателка...туку повеќе од тоа!
Доволни се само 3 знаци за да заклучите дали тој почна да ве гледа со други очи.

Дознајте зошто се уште сте сингл!

lista1

Одличен маж не паѓа од небото, затоа започнете да го барате како што барате работно место. Не чекајте надевајќи се!

„Секоја жена има токму таков љубовен живот каков што сака!“ ... и најверојатно веднаш ќе се спротивставите.

Но подзастанете само за миг и сетете се на вашата пријателка, безнадежна романтичарка, која после секоја завршена врска повеќе нема желба за живот и е крајно разочарана и повредена. Тоа до сега и се има случено најмалку 2 пати, па така лекцијата е повеќе од сигурно дека ја има научено, но таа сака таков љубовен живот, да биде жртва која ќе ја сожалуваат и да плаче до истоштување, иако ви звучи чудно.

Тука е и онаа која е вечито сингл. Постојано се жали како нема нормални мажи, а секој пат кога ќе и пристапи некое сосема пристојно момче таа го крева носот кон небото и ништо и никој не е доволно добар за неа. Значи самата го скроила својот љубовен живот или поточно речено својот живот без љубов.

Ова веднаш ќе го поврземе со првиот од трите најактуелни синдроми зошто една жена е сингл.

Страдање од „синдромот за совршен маж“

Држењето за однапред скроена слика со точки и потточки е најголемата грешка. Запомнете, не постои совршен маж!

Погледнете само назад во вашиот живот и ќе забележите колку прекрасни момчиња сте испуштиле само поради некои површни причини, како тоа дека не е доволно висок или смешно танцува.

Има многу принцови маскирани како жаби. Треба само да им дадете шанса и да се помирите со фактот дека животот не е бајка.

Се уште верувате дека во вистинското време ќе дојде вистинскиот

Ако дел од вашиот животен план е да се омажите тогаш време е да започнете да остварувате контакти со потенцијалните сопрузи!

Одличен маж не паѓа од небото, затоа започнете да го барате како што барате работно место. Не чекајте надевајќи се! Започнете со потрагата!

Одете на состаноци на слепо, движете се со вашите сингл пријателки, искористете ја предноста на интернет запознавањето и поставете си мисија да пронајдете маж каков што заслужувате. Колку сте повеќе надвор во потрага толку ви се поголеми шансите да го пронајдете вистинскиот.

Се состанувате со мажи кои се недостапни

Ваков тип на ситуации има мал милион. Да започнеме само со вашата пријателка која веќе подолго време слепо се држи за зборовите дека тој е во фаза на развод, а сепак ниту траг, ниту глас од пополнетите документи.

Ако се најдете во ваква ситуација веднаш подгответе се за прошталниот говор, а ако сте многу заљубена кажете му да ви се јави кога разводот ќе биде официјален, а не пред тоа.

Лошите момци се навистина лош материјал за сопрузи и тешко дека некогаш ќе се променат. Вашето драгоцено време не губете го на маж кој лаже, изневерува и е алергичен на обврски.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?