bura1Неговото слатко-горко ДА
Порано се противеа, ви докажуваа и објаснуваа, но вие говорите со 300 на час и секогаш сте во право.
sufle1Изненадете го со овошно суфле
Рецепт за суфле: Со малку труд до вкусен и здрав десерт за вас и вашиот партнер.
nesudenaПлачот по неговата несудена
Беа совршениот пар, не најубавите, туку најсоодветно вклопените две парчиња на едно цело.
dating_married_menКако да препознаете дека е женет?
Млади, атрактивни, облечени како тинејџери, ни на крај памет нема да ви текне дека дома го чека жена и дете.

Бидете му омилено друштво

shopg

Дали ќе ви успее да го поведете момчето на шопинг?

Признајте дека и завидувате на девојката од соседството и нејзината моќ да го поведе момчето на 5-часовен шопинг низ градот. Никогаш не сте размислувале за методите кои ги применува за да го обезбеди неговото друштво кога сака и колку сака.

Едноставно се прашувате како не му е проблем да изоди половина од градските бутици или да ја чека еден час од депилација.

Би сакале и вие да ја поседувате моќта на оваа девојка за да го потчините машкото друштво во своја полза.

Искористете ги следниве трикови кои се клучни да му бидете омилено друштво.

Бидете спонтани и забавни

Вашето спонтано однесување во секојдневните обични ситуации е тоа што се вовлекува под кожа кај секој маж. Кога се смеете на неговите шеги, кога внимателно ги слушате неговите сериозни излагања, кога ќе му дадете пријателски совет, сето тоа ве зближува на еден поинаков начин. Мажите сакаат позитивни девојки, затоа освојте го низ смеа.

Вашето заеднички поминато време, зачинето со забавни коментари и  слатки зборови, е пресудно за тој комплетно да биде ваш.

Сигурно ќе бидете среќни кога ќе знаете дека планира утринското кафе, паузата од работа и слободниот викенд да ги помине со вас.

Совет плус е да земете учество во стандардните машки интереси како што се разговорите за фудбал и автомобили.

Не демантирајте ја вашата женственост

Не постои маж кој не се гордее и не сака да биде во присуство на комплетна жена, која  истовремено може да се пофали со добар изглед и со емотивна интелегенција.

Надминете ги стереотипите дека мажите не го прифаќаат шопингот и бидете таа на која ќе сака да и помогне во изборот на облека.

Кога ќе му бидете најубава, нема да може да одолее на вашето друштво, затоа совет плус е уште веднаш правец на третман за разубавување.

Бидете му омилено друштво во кревет

Наградата може да биде негов голем мотив, а најидеална награда за еден маж е сексот, но овој пат на поинаков начин. Предложете му поинаква поза за да ја предизвикате неговата возбуда и бидете спремни за игри во креветот во било кое време. Тоа е она за што ќе ви биде благодарен. Верувајте дека кога ќе биде задоволен од ноќта, ќе можете да манипулирате со шансите да биде ваше друштво за женските активности.

Потрудете се да воведете нов тренд во љубовта – бидете му и девојка и пријателка. Бидете негова секојдневна енигма, така ќе посака секој момент да биде во ваша близина за да ве открие.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?