
Понижување и потчинување на женскиот пол, што повеќе, тоа подобро, е најверојатно нивниот последен моден тренд.
Додека вие го ставате омилениот диско хит или романтичната песна која вчера ви ги насoлзи очите, тој става сочни рап текстови со провокативни спотови и почнувајќи оттука следи лавина на спротивности во вашите Фејсбук профили.
Еве на што ќе наидете кога ќе го отворите неговиот:
Разголени слики
Посетата на локалната теретана и сет тој труд би бил залуден ако не се круниса со една фотографија, неретко пред огледалото, со благо спуштени панталони и нагоре гол, нормално. Сериозен израз на лицето, со заби кои малку крцкаат од стегнатоста на телото за добра фотогеничност на стомачните мускули и бицепсите.
Ваквата профил слика оди рака под рака со офанзива на праќање на понуди за пријателство до секоја пријателка на пријателката, па и до пријателките на пријателката пријателката.
Шовинистички статуси
„Малата се удира како да има каско“, „Секоја лепотица има ѕвер што ја клецка“ и редица други невкусни цитати со кои тие ја докажуваат својата машкост се дел од нивниот профил.
Понижување и потчинување на женскиот пол, што повеќе, тоа подобро, е најверојатно нивниот последен моден тренд. На тоа други „мажишта“, негови пријатели, искажуваат бурна поддршка со лајкови, мрсни коментари, па и поописни предлози. Зар има мисија да создаде слика на Фејсбук манијак?
Минимум 2, 3 „сестри“
Го отворате неговиот профил, а таму барем 3 девојки наведени како негови сестри. Секоја една од нив носи различно презиме и ни оддалеку не изгледаат како да се во роднинска врска една со друга, но тие се негови страшно добри пријателки за кои мора да знае целата јавност.
На секој негов статус тие реагираат со лајк, а срцињата и бакнежите, за колку се сакаат и не можат еден без друг, се неизоставен дел до секој нареден ден. „Цуци спремај се вечер за пивце“ и слично често се дел од новостите на неговиот ѕид.
Тежок српски рап
Песни со компромитирачки текст, често на српски јазик, каде жените се опсесивни, нападни, досадни, љубоморни и што уште не, се неговото добро утро.
Во спотот рапери со дебели златни ланци околу кои танцуваат провокативни жени со разголени задници. Бесни автомобили и брзи мотори исто така се дел од репертоарот.
Хумористични клипови, меѓу кои задолжително и К15
Пијани чичковци кои говорат за поликолор, дружељубива Слаѓана и редица други слични ликови се чести посетители на нивниот фејсбук профил.
Нормално, тоа не би било машки профил ако низ него не се прошара барем некој хумористичен клип од старата школа. Старите добри К15 се нивната класика.
Жестока поддршка на фудбал/кошарка
„Интер пази.. Милан те гази“, „Очаен си како МЗТ“ и редица други поттикнувачи на адреналин.
Врели емоции извираат од неговиот профил, некои поттикнати од денешната победа, некои од вчерашниот пораз. И никогаш не се завршува само на еден, тоа е една лавина на коментари кои идат еден зад друг.
.gif)






















.gif)























