se_odmaraat_pokraj_moreКакви жени сакаат?
Откријте каков маж може да ви одговара на вас.
deckiСовети од мажите за жените - прв дел
Ги издвојуваме најинтересните 5 совети што мажите ги упатуваат до вас.
kancelarija1_copyВеруваат во женските лаги
Откога го раскажа искуството со „развратничката“, по само кратко време тој остана маѓепсан од неа.
Corbis-42-30552397Вистинска љубов = скапа цена
Постои некој кој ве љуби токму такви со ранливо срце и блескав поглед.

Мажи со посебно место во вашата меморија

ponmazi

Иако само пет дена не се доволни за запознавање, хемијата и летната ноќ си го направија своето.

Вашиот живот, на моменти, бил попатна станица на многу мажи. Некои случајни минувачи, некои долготрајни станари во вашето срце.

И кога ќе погледнете наназад ги имало доволно и најразлични, но што е тоа што некои од нив заземаат посебно место во вашата меморија, а на некои едвај им се сеќавате на името?

Што има момчето, кое го запознавте на одмор, што за само пет дена ви остави впечаток како да се знаете со години? Зошто првата детска љубов секогаш измамува насмевка на вашето лице или соседот вљубен во вас често ви се врти низ главата?

Вашата детска љубов

Не се сеќавате колку години поминаа оттогаш, но како што ќе кажат и најголемите поети, спомените се свежи како да се од вчера.

Со него ви се случи првиот бакнеж и првата прегратка и заради него го доживеавте првото разочарување. Едноставно тој беше ваша прва љубов.

За кого ги пролеавте првите солзи од вашите невини очи и за кого напишавте дури три споменара?

И после десет години, кога сте среќна и исполнета во новата врска, се сеќавате на момчето чиј сјај во очите ви го осветлуваше патот од детството кон младоста.

Французинот – вашата летна авантура

Иако само пет дена не се доволни за запознавање, хемијата и летната ноќ си го направија своето. А и различните јазици беа пресудни да ги докажете емоциите со гестови. Вашиот одмор ви донесе авантура која ја паметите уште долго потоа!

Зарем не се сеќавате на долгите прошетки по песочната плажа бесконечна како вашите разговори на измешани јазици?

Зарем секогаш кога ќе се сетите не него не се насмевнувате на неговите бакнежи по вашите раце како вистински француски љубовник? Да, тој има посебно место во вашата меморија!

Соседот кој долги години ве освојува

Уште од деновите кога бевте средношколка, тој раскажа на цела населба дека сте му симпатија. Се смеевте на неговиот срам да ви ги презентира освојувачките вештини, уште повеќе на неговата збунета појава секое утро во маалската продавница. Секогаш беше тука за да ве услужи само за да украде насмевка од вашите усни.

Отсекогаш сте го гледале како пријател кој реши искуството во љубовта да го гради со вас, но и како таков маж има посебно место во вашите спомени.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?