
Мажите ги зајакнуваат врските преку практикување на заеднички активности повеќе отколку преку споделување на мислите и чувствата.
На вашиот партнер многу би му било полесно да зборува за своите чувства индиректно. Затоа за да допрете до него прашајте што помислил првиот пат кога ве сретнал или што би правел за време на романтичен викенд, на тој начин полесно ќе откриете што чувствува и ќе се зближите.
Погледнете кои нивни тајни тие би сакале да ги знаете:
Мажите кажуваат „те сакам“ со дела
Вашиот партнер може да ви каже „те сакам“ со поправање на работите околу куќата, чистење на дворот или фрлање на ѓубрето, се со што го прави вашиот свет подобро место за живеење.
Мажите ги сфаќаат обврските сериозно
| 90% од мажите би се ожениле со истата жена повторно |
Иако ги бие глас дека се плашат од обврски, доказите тврдат дека мажите го сфаќаат бракот сериозно. Можеби им е потребно подолго време за да се обврзат, но сакаат да знаат дека тоа ќе испадне добро.
Во една неодамнешна анкета дури 90 проценти од мажите изјавиле дека би се ожениле со истата жена повторно.
Тој навистина слуша
Кога слушате некој како говори сигурно одржувате контакт со очите и од време навреме го прекинувате со некое „да“ или „сфаќам“ и тоа е вашиот начин да кажете „те слушам“. Некои момци не го прават ова, но ако не кажува ништо тоа не значи дека не слуша. Може сака да слуша тивко и да размислува за тоа што го говорите.
Заедничките активности ја одржуваат врската
Мажите ги зајакнуваат врските преку практикување на заеднички активности повеќе отколку преку споделување на мислите и чувствата. За многу мажи, спортот и сексот се работи кои прават да се чувствуваат многу поблиски со нивните партнерки.
Мажите имаат потреба од време за себе
Без разлика дали ужива во градината, фудбал или во вежбање во теретаната, охрабрете го да го негува своето хоби, додека вие правите време за своето. Кога двајцата партнери имаат простор да ја изразат својата индивидуалност имаат повеќе што да си дадат еден на друг.
Учат од нивните татковци
Ако сакате да знаете како маж ќе се однесува во врска, мора да го запознаете неговиот татко! Некои велат дека мажите учат за нивната улога во врската од гледањето и слушањето на нивниот татко. Колку нивниот татко е приврзан за мајка им најверојатно ќе биде предвидувањето на вашата иднина.
Мажите преболуваат побрзо од жените
Жените ги паметат негативните искуства подолго и побавно се ослободуваат од стресот и тагата. Спротивно од нив, мажите помалку се задржуваат на непријатните настани и продолжуваат понатаму. Така додека вие се уште сакате за зборувате за вчерашната расправија, вашиот партнер веќе заборавил на тоа.
Не ги забележуваат ситните знаци
Мажите најверојатно нема да ги забележат знаците како тонот на гласот или изразот на лицето, а многу е веројатно да ја испуштат тагата на лицето на жената. Па затоа ако сакате вашиот партнер да ја добие пораката, бидете директни.
NotForMen препорака: Од машки аспект: Фејсбук и девојките
Мажите одговараат на благодарноста
Покажувањето на благодарност на вашиот партнер може да направи голема разлика во начинот на кој тој се однесува. Земете го родителството за пример.
Студиите покажуваат дека татковците се повклучени во негата на децата кога нивните жени го ценат тој труд и ги гледаат како компетентни.
Сексот за нив е значаен
Мит е дека за мажите сексот е само секс. За многу од нив, сексот е значаен акт помеѓу двајца поврзани луѓе. И токму како и повеќето жени, мажите интимноста ја гледаат како најзадоволувачка кога се одвива во една врска.
Една од причините е таа што долгогодишните партнери знаат да се задоволат еден со друг повеќе отколку што знае било кој друг странец.
Не се секогаш расположени за секс
Мажите, за големо изненадување на жените, не се секогаш расположени за секс. Исто како и жените и тие имаат стресни денови од обврските на работа или од плаќањето на сметките, а стресот е непријател број еден на либидото. Кога маж вели „не вечерва“ тоа не значи дека го изгубил интересот за вас, едноставно не сака секс таа вечер.
.gif)






















.gif)























