
Вие сте опседнати со најразлични инструкции и техники за да го присвоите епитетот „добра во постела“, а нему му е многу поважно спонтаното откривање на вашите таленти.
За вашата цел да му се допаднете нему, а уште подобро на сите мажи истовремено имате и не така едноставна стратегија. Скапа козметика, облека со стил, исцрпувачки диети и фитнес тренинзи - мора да го убедите дека сте совршена.
Но, потешкиот дел од стратегијата е вашата глума. Мора да признаете дека немате баш лесна улога. Интелигентна, забавна, на моменти мистериозна, а најглавно безвременска заводничка.
NotForMen препорака: Машкиот вкус за женската убавина
И сите овие улоги по цена да бидете неговата единствена и најсакана, едноставно неговата жена за сите времиња.
Но зарем на моменти не ви изгледа дека претставата за идеал не е иста во машките и женските очи? Жените по правило се жртви на стереотипите за пропорции 90-60-90 и улогата на заводничка, додека мажите исто толку искрено уживаат во друштво на некоја полничка со природно однесување, колку што се вљубени во фудбалот и пивото.
Можеби ќе му бидете убави, но никогаш нема да ја забележи тренд нијансата на вашиот кармин за уста или пак ултра модерното палто кое го порачавте дури од Милано. Целулитот, стриите и вишокот цели три сантиметри на половината се поими кои постојат само во вашата глава и женскиот речник.
Она што со сигурност ќе го забележи е самодовербата и харизмата, но онаа неизглумената!
Еве ги класичните стереотипи за желбите и очекувањата на мажите од понежниот пол и токму тие стереотипи се најголеми замки за жените.
Информациите од галеријата ќе ве донесат на само чекор до вистината за мажите!
Жените од секогаш се сметале за послаб пол, но нивните постигнувања во последната деценија имаат тенденција овој податок да го преобразат во стереотип.
Дури 66 % од мажите претпочитаат емотивно силни и независни жени, а 14 % би биле презадоволни доколку покрај себе имаат физичка силна жена. Ова не треба да го протолкувате како идеја за запишување на курс по карате, туку потик за да возбудата и темпераментот ги искористите во своја полза.
Арогантна или мила, недостижна или пристапна – бидете своја - на свој начин срушете ги стереотипите и недминете ги неговите комплекси!
.gif)






























.gif)























