
Со љубовта како основен принцип на вашата врска, со меѓусебна почит и доверба, пријателство и разновиден секс врската ќе биде поисполнета од било кога.
Секој нов ден може да биде почеток на една нова и вистинска љубов. Токму кога ќе ви се случи треба да ја препознаете, задржите, негувате, надградувате... А доколку веќе ја имате, но не сте задоволни, време е за промени во врската!
Со љубовта како основен принцип на вашата врска, со меѓусебна почит и доверба, пријателство и разновиден секс врската ќе биде поисполнета од било кога и со високи амбиции кон нешто вечно. А зарем има нешто поубаво од тоа да верувате дека за оваа врска вреди да се борите!
Еве кои принципи може да бидат ваша инспирација за долга љубов и врска од соништата:
Момент на вистинска љубов
Уживајте во привилегиите на овој возвишен момент, но не заборавајте да побрзате да го претворите во цела вечност. Не заборавајте дека го сакате и добро е тоа да го покажете.
Кога емоциите се обострани тоа е полесно од било кога. Потребни се само неколку мали сигнали од двете страни за да бидете посреќни од било кога.
Доверба и почит
За да бидете со некого на час или два не ви се потребни емоции, а уште помалку доверба или почит. Но, кога ќе го препознаете моментот на вистинската љубов треба да бидете подготвени да почитувате ако сакате да бидете почитувани.
Довербата ќе ве направи посигурни и поспокојни, а недовербата и постојаната меѓусебна контрола со партнерот ќе ве доведе до гушење во сопствената врска.
NotForMen препорака: Навидум совршени врски
Пријателство
Пријателите се тука за да ве насмеат и да ви го поправат лошиот ден. Зошто да не бидете пријател и со момчето? Времето кое го поминувате заедно нека биде повод за вашето шегување, разговор, постојана игра...
Зошто да не се се обидете со заедничко хоби или спорт, а можете цела вечер и да танцувате на подиумот од некоја градска дискотека.
Разновиден секс
Див, нежен, страстен, секогаш поразличен и повозбудлив од претходниот. За исполнета врска, почестото и најразлично водење љубов може да биде од голема полза.
Бидете внимателни на сите овие принципи за врска и верувајте дека сте на чекор од идеалот за заедничко поминато време. А зарем има нешто поубаво од тоа да сте сакани и да сакате, едноставно да бидете во врска која ве исполнува во секој поглед.
.gif)






















.gif)























