
За сослушување на вашите проблеми тој никогаш не е расположен, а неговатата поддршка како да е најтешкото и најскaпото нешто кое го барате од него.
Навидум среќна двојка и сите ќе речат идеален пар. Но, ќе се согласите дека насмевките и прегратките во јавност не секогаш се мерило за вистинската среќа.
Откако ќе се спуштат завесите, а вие ќе ја затворите вратата на вашата спална од внатрешната страна, студенилото се чувствува толку силно и покрај преголемата илузија дека со него имате се.
Многу, а сепак ништо...
Ниту еден роденден, ниту празник не ве остави без високобуџетен подарок. Ех, кога би можеле да го замените истиот со емоции. Скапа козметика за да му бидете убава, брендираните парталчиња кои ви го греат телото, но не и зборови да ви го згреат срцето.
И додека девојките во оние помалку идеалните врски може да се пофалат со утринското кафе со љубениот кое има посебен вкус и бакнеж за убав ден за вас тоа е само нереална желба.
NotForMen препорака: Важни вистини за една врска
Блиски, а сепак толку далечни...
Кога маските паѓаат, а за лажните насмевки пред другите немате повеќе сила, сфаќате дека животот го делите со емотивен странец. Туѓи во размислувањата, во емоциите, во ритамот на љубовта...
За сослушување на вашите проблеми тој никогаш не е расположен, а неговатата поддршка како да е најтешкото и најскапото нешто кое го барате од него.
Ниту збор за утеха кога тагувате, ниту пофалба за вашите среќни и успешни моменти. И доколку се прашувате како да го преминете јазот кој упорно ве разделува ќе мора да ја откриете неговата причина за студеното и воздржано однесување.
Со што не ја заслуживте неговата љубов или можеби на таков начин ја покажува истата?
Се живее ли во оттуѓеност?
До кога ќе ги потиснувате емоциите и ќе живеете во врска која не ветува ништо повеќе од формалност. Вам ви треба бура од убави чувства и исто толку гестови за кои вреди за живеете, а не неговата оттуѓеност.
Чекор по чекор, користете ја секоја вечер за заеднички моменти и пристигнете до неговото срце за да ги дознајте неговите тајни. Дајте си време и простор за зближување. Можеби ќе откриете нешто што засекогаш ќе ве поврзе во едно, а можеби ќе одлучите да се ставите крај на оваа приказна која ви го пара срцето.
Луѓето секогаш се тука за да зборуваат. Можеби ќе бидете уште еден пар кој заврши неславно и покрај идеалниот впечаток од страна.
Можеби и неправедно ќе ве одбинат дека барате премногу, но времето најдобро ќе го склопи мозаикот на вистината во кој вашата среќа си има свое место. Во секој случај во отуѓеноста не можете да ја пронајдете среќата, уште помалку љубовта!
.gif)






















.gif)























