
Најгласно ве обвинува дека треба да ве чека за да се подготвите за излегување, а всушност тој „заглавува“ со часови местејки ја својата фризура или галејки ја брадата.
Колку и да сте убедени дека го препознавате партнерот според ритамот на дишење,секогаш постојат моменти кои ве збунуваат. На пример, фактот дека тој се интересира за содржината од вашите женски списанија.
И доколку неговите изјави дека може да биде подготвен за само десет минути досега звучеа убедливо, време е да размислите уште еднаш, затоа што тој може со часови да се разгледува пред огледало.
Да, и мажите имаат моменти кои се граничат со мистериозноста, но кои за ништо на светот не сакаат да бидат откриени пред вас.
Како и да е, тешко е да се скријат од „будната женска сила“. И овој пат беа откриени во своите неверојатни моменти. Еве ги откритијата!
Се интересира за женски работи
Дури 50% од мажите со задоволство ги прелистуваат женските списанија, но тоа го прават без присуство на понежната половина. Но, ова не важи само за списанијата.
Најверојатно и вие барем еднаш го имате фатено партнерот како чудно разгледува некое парче од вашата долна облека или упорно се труди да го анализира составот на вашата крема против целулит.
Можеби ви звучи помалку неверојатно, но тој ужива кога ги разгледува вашите парчиња облека, обидувајќи се да сфати зошто носите минијатурни модели на блузички. Интересни му се чудните смеси од шишенцата на тоалетната масичка, а никогаш до крај не му се разјасниле направите како преса за коса или вашиот електричен епилатор. Затоа тој ја користи секоја прилика да прочепка во вашата чанта или плакар.
NotForMen препорака: 6 митови за вистинските мажи
Посветува внимание на својот изглед
И додека мажите тврдат дека сопствениот изглед им е на последно место, помислата дека вечерта ги очекува жешок состанок несвесно ги тера да поминат неколку часа во бањата, а потоа исто толку пред огледало. Но, ова го признаваат само 60% од мажите.
Најгласно ве обвинува дека треба да ве чека за да се подготвите за излегување, а всушност тој „заглавува“ со часови местејки ја својата фризура или галејќи ја брадата.
Задолжително порно
Се прашувате како ја поминува вечерта кога е сам дома?
Со сигурност не ги собува чевлите, јаде на фотеља и го одложува миењето на садовите, а за добар крај на вечерта гледа порно филмови.
Кога нема кој да вика по него, тој заборава да ги собуе чевлите, а јадењето му е послатко пред телевизор, се разбира во комбинација со фудбалски натпревар,а потоа неколку порно сцени.
Дали вашиот партнер е зависник од порно-страници?
99% од мажите редовно се задржуваат на каналите со порно содржина, но само половина од нив ја признаваат оваа своја навика. Останатите најверојатно лажат!
.gif)






















.gif)























