
Првите месеци од врската секој ден бевте изненадувани со цвет или чоколада и изјави дека вие сте таа која му е суденa?
И овој викенд, на менито на женски разговори со пријателките, не изостанаа поплаките од тој толку „ужасен“, а сепак толку симпатичен машки род. Трачевите биле гола вода во споредба со брзината која попрво да раскаже како недостигот на внимание ја урива љубовта во врската.
Зошто, во освојувачките потези спаѓаат сите тие мали и слатки гестови на внимание, уште повеќе комплименти и нежни зборови, а неколкогодишната врска како да налага подарениот преврзок и изговореното „те сакам“ да станат реткост?
Да, речиси сите се едногласни дека воопшто не е чудно, ако првите месеци од врската секој ден бевте изненадувани со цвет или чоколада и изјави дека вие сте таа која му е судена, а сега заборави да ви го честита дипломирањето и да ги подели моментите на среќа со вас.
NotForMen препорака: Време е за внимание
Неговиот поим за романтика
Вие и натаму упорно се обидувате да ја пронајдете симболиката за неговата покана да ве носи на скара и ракија заедно со неговата машка дружина, како тоа да станало репер за романтика.
Не можете да сфатите каде исчезнаа идеите за прошетки фатени рака под рака, а сите негови кулинарски идеи ги заменува нарачката од MC Donald’s.
Во целата атмосфера во вашата врска како да недостига тој негов инстинкт што ќе го инспирира со мали гестови да ви искаже внимание. Не барате пат околу светот, скап накит или 101 роза!
Може да ви подари пенкало кое ќе биде ваш потсетник за љубовта дури и кога сте на работа, билетите за во кино може да значат одлично помината вечер, а цветот со сигурност ќе ви го разубави денот! Потврда дека сте сакани и мотивација да возвратите многу повеќе!
Дали барате премногу?
И сите искуства со неговото невнимание како да се надоврзуваат во една низа во недоглед, но таков беше и претходниот, и тој пред него.
Дали тој е единствениот, па лесно ќе го замените со друг или можеби се појави некаква епидемија на невнимателни мажи без ни грам креативност при искажувањето на чувствата?
И додека вие ја користите секоја прилика за да внесете убавина во вашата врска и токму за тие моменти будни сонувате, тој ќе ве обвини дека имате превисоки очекувања од него, од врската, од животот...
Дали вие барате премногу или тој не сака да даде ни малку?
Што е љубовта ако не се покаже?
Љубовта ве врзува, но таа бара да се негува. Можеби е време нештата во врската со партнерот да ги класифицирате во две групи – оние кои можете да го толерирате и оние кои само посилно ги нагласуваат гестовите на неговото невнимание кон вас преку кои не треба да поминете.
Зошто сами да ја прославувате роденденската забава, сами да се гордеете на универзитетската диплома и професионалните успеси, а најубавите спомени да не се видливи на фотографиите со него?
Можеби на понаков начин ја покажува љубовта, но се додека тој начин е неверодостоен за вас, кажете „не“ на скромните трошки внимание и неговото премолчено „те сакам“.
Не плашете се да кажете „не“ за неговото невнимание кое многу често може да значи и повеќе од само тоа - дека тој не ве заслужува.
.gif)






















.gif)























