thresomeСекс во тројка – ризик или задоволство?
Сексот во тројка е фантазија, која многу сакаат да ја доживеат барем еднаш во животот.
ligaБркаат девојки надвор од нивната лига
Љубењето на недостижната девојка направи да не изгради врска подолга од 2 месеци со било која друга.
stock-footage-sexy-woman-in-red-dress-lying-and-working-on-laptop-computerСакате ново момче? Блеснете во црвено!
Жените во црвено се попривлечни, но тоа не ги прави попаметни.
ivanov2Несфатениот романтичар
Брилијантен ум искрен до суровост и токму затоа несреќен во љубовта!

Слободна или осамена?

etok

Кога се ослободувате од нешто старо, се отвора простор за нешто ново и секако подобро!

Во прегратка со перницата, а во мислите таму некаде каде љубовта се служи бесплатно. Скапо ја плативте минатата, па сега живеете во емотивна мизерија.

Колку и да ви изгледа неправедно во моментов, до среќата и задоволството од вашиот нов љубовен статус ве делат неколку чекори.

Верувајте, подобро е очајната потреба за партнер да ја замените со убавините на сингл животот. Откријте ги предностите на вашата слобода која, во никој случај не значи осаменот!

Во љубовта не се знае...

Се вљубувавте, се трудевте, несвесно повредувавте, се соочувавте со порази, а сега се обидувате да го сфатите сиот тој редослед на нештата.

И да го имате целото искуство на овој свет, нема да ви биде доволно за да, до крај, знаете каде грешевте, кога истите грешки ги повторивте најмалку пет пати, а каде се родија вашите најголеми љубовни успеси, затоа што љубовта е без дефиниција и во неа нема правила.

Затоа, не жалете по изгубеното, туку уживајте додека не го пронајдете вистинското!

 

NotForMen препорака: И сингл девојка е среќна девојка!

 

Цената на минатите искуства

И кога ќе ги преброите сите падови и подеми на вашата љубовна стаза, ќе сфатите дека се има своја цена, а оваа на сингл статусот може да ве чини еден возбудлив период на нови искуства.

Можеби филмот за големата романтична љубов беше причина се посилно да потонете во очајнатите желби за сродна душа и уште еднаш да ја проколнете неправедната делба на љубовта на овој свет.

Но, колку за потсетување, среќата од било која луда забава со пријателките во некоја од градските дискотеки не може да се рамни со ниту еден лажен романтичен гест, какви што се повеќето во денешно време.

Затоа побрзајте осаменоста да ја претворите во бесценета слобода!

Предности во недоглед...

Нема повеќе валкани чорапи низ станот, ред за туширање, делба на далечинскиот, дилеми околу готвењето...Зарем тоа не е доволен повод да ја прославите својата слобода?

Првиот чекор од мисијата за реинкарнација по раскинувањето е обновување на сите контакти со старите пријатели кои за ги запоставивте или едноставно вашето пријателство некаде пропадна. Никогаш не знаете кој од нив има привлечен пријател.

Кога се ослободувате од нешто старо, се отвора простор за нешто ново и секако подобро!

Имате милион поводи и уште толку услови за да ги се чувствувате подобро и послободно од било кога!

Време е за ангажирање на нови професионални проекти, а тоа сфатете го како потенцијал да го покорите згодниот шеф на работното место.

Време е за нов имиџ кој ќе биде причина да не можете да се заблагодарите на сите комплименти, затоа побрзајте кон салонот за разубавување.

Време е за понаква вечер со пријателките, затоа не двоумете се да ја зграпчите секоја понуда и да колекционирате искуство плус во вашата младост.

Време е да на сите да ја демонстрирате својата моќ, затоа што вие сте без партнер – но, не и безпомошни, слободни – но, не и осамени. Бидете сами своја божица!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?