
Имате право да ја знаете вистината за онаа ноќ кога се родија сите ваши сомнежи во неговата љубов за кои не добивте веродостоен одговор.
Разделбата значи точка на вашата љубовна приказна, а од утре треба да се обидете да свртите нов лист во вашиот живот. Но дали ќе успеете сама?
Го сакавте вистински, искрено, безвременски и секогаш знаевте дека кога се поклопуваат стрелките на часовникот тој мисли на вас, но овој пат солзите ве издадоа - нема шанси да е тој затоа што ве остави.
Ќе се обидат да ве убедат дека времето лечи се, а како екстра утеха ќе го додадат коментарот дека тој не е за вас и дека вие вредите многу повеќе.
Но, дури и да сте најубавата, најпаметната и најуспешната на светот тоа нема да ја ублажи горчината на солзите пролеани по него.
Младите жените страдаат од синдромот на скршено срце за 9,5 пати почесто отколку мажите на истата возраст.
Ноќ како создадена за прашања и сите тие без одговор. Зошто тој ви е во мислите и зошто ова и уште милион прашања за оваа кобна разделба!
Зошто ме остави?
Имате право да ја знаете вистината за онаа ноќ кога се родија сите ваши сомнежи во неговата љубов за кои не добивте веродостоен одговор.
Зошто љубовта ја делевте заедно, а сега болката ја понесовте сама?
Можеби три дена нема да ви бидат доволно, но три недели се сосема доволни за да го заборавите ова прашање и да го прифатите фактот дека она што не ве убило ве направило посилна личност. А „зошто“ нека останете само еден мал и незначаен спомен на него.
NotForMen препорака: Зошто разделбите се болни?
Зошто ова ми се случува мене?
Се лажете ако мислите дека нема да преживеете овој пат. Скршеното срце е општо познат синдром на кој не се имуни повеќето личности.
Затоа не комплицирајте ја ситуацијата дека вие сте единствената која се бори со убиствените демони на тагата, осаменоста, беспомошноста...
Зад оваа висока планина се крие неодолив пејзаж само треба да истраете пред карпите на патот кон вистинската љубов!
Каде е сега тој?
Малку повеќе од максимумот од вашата волја е доволен за да никогаш не прашате каде е сега тој. Што е важно каде, со кого и како е тој кому му ја должите цената на вашата болка.
Глумете дека не се интересирате за него и еден ден глумата ќе ви стане реалност. А во меѓувреме, поканете ја најблиската пријателка и искажете се што ви лежи на срце.
Натопете ја перницата еднаш, двапати, но не и повеќе затоа што веќе одамна треба да бидете некаде каде нема разделби, па и да има вие веќе ќе знаете како да ги направите без болка и да бидете среќни како никогаш претходно!
.gif)






















.gif)























