
Ниту еден ден не е доволен повод за да тој да ве изненади со црвена роза.
Дали можеби вашите критериуми за партнер со нулата се поврзуваат со знакот за еднаквост? Барате премалку, но дури и тоа го добивате со сила, а ништо подобри не се ни останатите парови во вашата околина.
Настрана од феминистичките нагони, постапките кои по дефиниција се сметаат за мажествени се во изумирање, а машкиот пол како да почна да ужива во промената на улогите без да мрдне со прст за да го подигне нивото на културата позната како кавалерство.
Не им пречи девојката да ги плаќа пијачките, да ги враќа дома со сопствениот автомобил, да организира вечери, викенди, одмори, а тие пак забораваат на цветот или малото кадифено мече дури и за најголемите поводи во врската.
NotForMen препорака: 6 митови за вистинските мажи
Девојките ги плаќаат пијачките
Најновите истражувања покажуваат дека мажите се палат на деловни жени.
Прифатливо е да се гордеат на вашите професионални достигнувања и одлична заработувачка, но дали е во ред вие да го плаќате машкото друштво покрај себе.
Ако порано машките се потценувале доколку девојката посегне по сметката, денес уживаат материјално да ги искористуваат жените.
Факт е дека ниту неговата ниту вашата посветеност во врската не зависи од висината на сметката и тоа кој ќе ја плати, но тука можете да ја откриете неговата подготвеност на мажественост низ дела.
Црвените рози се реткост
Годишнината од врската, вашиот роденден, Осми март, денот на вљубените - ниту еден не е доволен повод за да тој да ве изненади со црвена роза. Романтичните вечери по некое шовинистично правило се сведуваат на хамбургери или скара, а малите слатки гестови на внимание се одамна изумрена категорија.
И покрај овие гестови, постојат некои машки карактеристики кои се неверојатно привлечни за жените. Дознајте на што се палат припадничките на женскиот пол:
Длабок глас
Според едно истражување, жените потешко ги забораваат мажите со длабок глас. Научниците сметаат дека тоа е еволуциски вградена особина која ги прави мажите помажествени .
Лице со лузни
На жените им се попривлечни мажите со лузни на лицето, но таа привлечност е краткотрајна и не влијае на желбата за сериозна врска. Мажите со лузни се доживуваат како храбри и решителни од страна на женскиот пол, покажало едно истражување.
Горд и моќен став
Канадските истражувачи дошле до откритие дека насмеаните и среќни мажи им се помалку привлечни на жените за разлика од оние што изгледаат гордо, моќно или каприциозно.
.gif)






















.gif)























