
Се додека не си дадете шанса за нови предизвици нема да ја почувствувате нивната моќ за нов живот, поинаков , поисполнет и повозбудлив по раскинувањето со него.
Некогаш одамна можевте заедно да го прескокнете и највисокиот рид, да ја препливате и најдлабоката река. Сега сте сама и ве плаши секоја помисла дека понатаму ќе морате сама.
Спомените се ваш сведок дека од некогашниот оган на љубов и страст сега останале жарчиња кои ја тлеат вашата болка.
Колку и да посакувате да промените некои работи во врска во вашето минато, едноставно не сте доволно моќни па затоа многу подобра опција е да се соочите со фактот дека така требало да биде и да продолжите понатаму со двојно повеќе сила, храброст и оптимизам затоа што сте жена која секоја пропадната врска ја прави посилна, а секој крај значи нов почеток за неа.
На што треба да внимавате за да раскинувањето не се претвори во ваша најголема преокупација во сегашноста и закана за иднината?!
Правило бр.1: Убаво спакувано минато
Се што ве потсетува на него и што е поврзано со вашето некогашно минато треба да го спакувате и сместите што подалеку од сегашноста.
Посветете цел ден за да ги избришете сите негови фотографии од компјутерот и да ги скриете сите рамки со заеднички слики. Ослободете се од сите негови работи кои останеле кај вас.
По успешно завршената работа заслужено отидете на забава со пријателките и не заборавајте високо да ја кренете чашата.
Наздравете за вашата слобода во која нема простор за спомените од не така блескавото минато!
Правило бр.2: Емоциите и зборовите под контрола
Вашите емотивни нагони се толку релативна појава што можете цела вечер сами да тагувате за несреќната љубов, а веќе следниот момент да изнесете цел куп валкани зборови за него во јавност и да ја барате поддршката од било кого.
Време е за контрола како на вашите емоции така и на вашите зборови!
Воздржете се од било каков коментар кој може да биде злоупотребен против вас бидејќи освен инстант хранење на сопственото его нема да добиете ништо повеќе.
Истото важи и за емоциите. Дајте си ден два за да се исплачете, недела да се изолирате од се, но потоа вратете се на нормалниот тек на животот!
NotForMen препорака: 4 забранети сценарија по раскинување
Правило бр.3: Нова перспектива
Се додека не си дадете шанса за нови предизвици нема да ја почувствувате нивната моќ за нов живот, поинаков, поисполнет и повозбудлив по раскинувањето со него.
Побарајте ги старите пријателки и одржувајте ги контактите со новите познајнички бидејќи никогаш не се знае која од нив има симпатичен и шармантен пријател кој ќе ве научи на вистинската вредност на љубовта. Можеби тој е вистинскиот само треба да и дадете шанса на новата перспектива во вашиот живот.
И доколку раскинувањето е некаде во вашето блиско минато сепак не е крај на свет!
.gif)






















.gif)























