
И да е најстудено на светот до вас е тој чија прегратка крие топлина за уште три векови.
Додека метеоролозите го најавуваат првиот снег се почесто почнавте да ја одложувате идејата за прошетка на чист воздух или било какво движење надвор.
Недостигот на сонце е најголема причина за вашето депресивно расположение, а ниските температури може многу лесно да ве разболат.
NotForMen препорака: Жените попривлечни во зима
Но и од седење дома и гледање на пет серии по ред и исто толку филмови нема кој знае каква полза затоа ние ви нудиме топ решение.
Оваа зима грејте се со партнерот! Еве ги 5-те идеи како да го сторите тоа и притоа да заштедите за скапиот фустан за кој толку долго мечтаете!
- Можеби е време со партнерот да го посетите маалското кафуле! Нема да ви е потребен превоз, а ќе ги одбегнете долгите подготовки околу изгледот бидејќи и онака таму ќе налетате на вашите пријатели од детството. Чајот во друштво со партнерот има некако поинаков вкус, а времето надвор не изгледа толку страшно кога знаете дека сте блиску до дома.
- Вашите омилени капа, шал и ракавици, партнерот за рака и излезете на получасовна прошетка во најблискиот парк. И да е најстудено на светот до вас е тој чија прегратка крие топлина за уште три векови. И не заборавајте да го изнудите бакнежот на вашето замрзнато носе.
- Со него дури и седењето дома ќе биде интересно. Заедно обидете се во подготовката на вечера по што ќе го замолите да ве масира со топло масло што е добра предигра за акцијата која со гаранција ќе ја загрее атмосферата во вашата спална. Резултатот е заштеда на пари за купување вечера, масажа и евентуално излегување, а гратис имате максимално уживање.
- Како ви се допаѓа идејата за викенд во на планина и водење љубов на светлината од каминот? Организирајте еден поинаков викенд за вас и вашиот партнер за кој се што ви е потребно е доволна храна и дебело ќебе под кое ќе ги остварите сите фантазии кои и тоа како ќе ве стоплат.
- Топла када со миризлива купка и свеќи наоколу е се што ви е потребно за совршен пречек на партнерот од работа. За заедничкото уживање во топлата вода нема да изостане, а ниту допирите кои ќе ве стоплат и ќе ве натераат истиот момент да заборавите дека е месец декември.
.gif)






















.gif)























