
Годините ќе ви донесат нови искушенија и поразлични предизвици кои ќе ви помогнат да ги дефинирате ставовите во љубовта.
Секоја самотија крие своја причина во позадина. Не сакавте, уште помалку заслуживте да бидете повредени од љубовта и секој нареден ден лузната на срцето да ве потсетува на она што сте го изгубиле.
Не е важно по чија вина сте сами ниту пак дали нешто можете да смените од денешна перспектива. Важно е дека научивте достоинствено да го носите белегот на срцето и што не дозволивте истиот да биде причина за нов пораз.
Бевте млади и неискусни
Кога имавте само 18 години искуството не беше на ваша страна. Можеби не бевте подготвени за сериозна врска и соодветен третман на љубовта која беше сервирана на вашето љубовно мени.
Љубопитни за нови хоризонти, желни за нови авантури, а можеби од невнимание и незнаење со тежок чекор ја згазивте љубовта за која не ни претпоставувавте дека ќе воскресне по неколку години, токму тогаш кога многу нешта ќе се променат и кога ќе биде доцна да уживате во неа.
NotForMen препорака: Ја знаете ли тајната за вистинска љубов?
Вашите емоции се резервирани
Годините ќе ви донесат нови искушенија и поразлични предизвици кои ќе ви помогнат да ги дефинирате ставовите во љубовта и ќе ги истенчите критериумите, но и ќе се збогатите со доза недовреба во вистинските емоции.
Ако некогаш можеа да ве освојат со слатки разговори сега ни години исполнети со дела некако не ви се доволен доказ за да се предадете во нечија прегратка додека вашите емоции најдобро се опишуваат со зборот резервирани. Страв од новото или можеби очаен копнеж по изгубеното?
Не се задоволувате со ништо помалку од вистинското
Да, со крената глава продолжувате понатаму и не се срамите да признаете дека сте биле повредени, но затоа сега сте посилни и пореални.
Не може да ве заведат оние градски мангупи и тоа со класичните финти за освојување, а уште помалку можете да бидете манипулирани од било кој маж во вашиот живот.
И сето тоа со причина, доволно силна и јасна за се борите за вистинска љубов затоа само во таква можете да уживате, а се друго е лага. Не срамете се достоинствено да ги носите лузната од некогашното скршено срце или отсјајот на насолзените очи секогаш кога ќе се сетите на некои моменти од минатото затоа што постои некој кој ве љуби токму такви со ранливо срце и блескав, но и со искрена верба во љубовта!
.gif)






















.gif)























