
Ако сакате да најдете партнер на ѕидот во вашата соба закачете слика со гулаби, пожелно е да бидат два кои ќе ја симболизираат вашата нова љубов.
Дали сте знаеле дека хармонијата во љубовта и сексуалниот живот можете да ги постигнете со неколку трикови од древната кинеска вештина позната како Фенг Шуи?
Потребни се неколку мали детали во вашиот дом кои ќе помогнат да се вљубите како никогаш претходно, сеедно дали во нов или во стариот партнер повторно.
NotForMen препорака: Копнеете по сродна душа?
Angi Ma Vong автор на бестселерот „ Фенг Шуи – формула за љубов“ направи мини прирачник за повеќе среќа во љубовта.
Еве дел од правилата кои ги препорачува таа!
- Ако сакате вашата потрага по идеален партнер да биде успешна заврзете две црвени или розово – пурпурни ленти околу рачката на вратата од вашата спална.
- За да го подигнете нивото на љубовна енергија во вашиот дом на трпезариската маса поставете вазна со две црвени свежи рози кои ќе го симболизираат процутот на вашите емоции.
- Тргнете ги сите електронски уреди од спалната соба бидејќи тие шират негативна енергија која може да биде причина за чести расправии со партнерот.
- Не користете дигитални часовници со црвени светлечки бројки бидејќи тие зрачат негативна енергија која може да влијае на вашиот љубовен живот.
- За да го активирате сексуалниот живот со партнерот седум дена по ред во спалната соба палете свеќи со мирис од портокал кои ќе ги разгорат страстите со партнерот.
- Ако сакате да најдете партнер на ѕидот во вашата соба закачете слика со гулаби, пожелно е да бидат два кои ќе ја симболизираат вашата нова љубов.
- За да ја направите вашата љубов долготрајна па дури и вечна во рамка поставете ја фотографијата од партнерот или вашата заедничка, а до неа поставете срце изработено од розов кварц.
- Ако саката да го проширите своето семејство закачете фотографии од седум бебиња во метални рамки и распоредете ги по ѕидовите низ целиот дом. Енергијата од овие фотографии ќе ви помогне да станете родител.
- За го интензивирате сексуалниот живот додадете неколку сини детали во северниот дел од домот.
- Отстранете ги сите кадифени или пластични играчки од вашата спална соба за да ослободите повеќе простор за љубовта.
Обидете се! Можеби токму некој од овие Фенг Шуи лекции ќе ја претворат вашата љубов во вечна.
.gif)






















.gif)























