
И покрај многуте обврски најдете време за да го изненадите партнерот.
Нова година, нови надежи. Токму овие претпоследните денови од старата искористете ги да ја земете најквалитената гума и да ги избришете сите неубави спомени од вашата меморија.
Да, токму сега треба да се сконцентрирате на генерално чистење на срцето и умот од се негативно кое се таложело во текот на годината, а веќе во првиот ден во годината нова да почнете да ги исполнувате ветувањата дадени кон самите себе си. Кои се тие?!
Повторно вљубена во самата себе си
Престанете да ги броите пропаднатите врски од минатото и да го влечкате нивниот товар во секоја следна година. Запомнете дека највредната врска која ја имате е онаа со самите себе си и не заборавајте да ја негувате.
Без оглед дали сте со партнер или трагате по господинот „сопственик на вашето срце“ секогаш бидете посветени на сопствените желби и потреби. Кога ќе го постигнете совршенството во оваа врска секоја друга ќе ви биде полесна и поисполнета.
Стоп за празните ветувања дека ќе почнете да си дозволувате повеќе задоволства од јануари натаму, на пролет или во некое поповолно време. Стартувајте ја нивна реализација овде и сега, а празничната атмосфера ќе ви помогне во тоа!
NotForMen пропорака: Најзаљубена за новогодишната ноќ
Посветена на врската
Дали се уште не сте смислите начин како да му придете на момчето кое ви се допаѓа? Веднаш преминете од размислување кон акција.
Насмевка, поглед, пријателски став - не штедете го вниманието за да покажете дека умеете да бидете девојка која знае како да се справи со емоциите на соодветен начин.
Доколку сте во врска време е да му дадете повод на партнерот повторно да се вљуби во вас. Мала посветеност на врската нема ништо да ве чини, а може да направи чуда во позитивна насока.
И покрај многуте обврски најдете време за да го изненадите и да му докажете дека вие сте таа вистинската за него, таа која е најдобра во се, а најмногу во љубовта со него. Бидете совршен љубовен пар.
Храбра пред поразите
И колку да се розови вашите соништа за врската и планови за иднината секогаш може да се појави по некој пораз или искушение.
Зарем ќе дозволите секој од нив да ве турне во бездната на тагата и изолацијата. Ветете си дека ќе уживате и во периодот на поројни дождови чекајќи го виножитото што се појавува по секое невреме и не заборавајте дека се што не ве убило во изминатава ве направило посилни за следната година и како такви ќе ги пречекате новите победи. Наздравете во името тие да бидат помногубројни!
Каде што има омраза, биди љубов.
Каде што има навреда, биди прошка.
Каде што има сомнеж, биди верба.
Каде што има очај, биди надеж.
Каде што има тага, биди радост.
Каде што има мрак, биди светлина.
Каде има крај, биди почеток, а каде е почетокот таму е и моќта за остварување на сите посакани желби!
.gif)






















.gif)























