tainstven_momak3 таинствени знаци дека е запален за вас!
Кога ние мислиме да и кажеме збогум на шансата, а таа е присутна повеќе од кога било.
smeski10 забавни цитати за мажите + 2 филозофии
Мажите тешко ги учат лекциите, сакаат секогаш да се први и тешко се менуваат.
golemaСпонтано и стратешки до ново момче!
Нека не ве чуди „скромниот“ ред на 10 –ина кандидати кои чекаат да се запознаат со вас!
analiza1Анализа на еден маж
„Сите мажи се исти“ е веќе одамна избледена фраза. Ние издвоивме тип1 и тип2.

Во која насока се движи вашата врска?

Woman-should-know-Man-Angry-Upset-Relationship-Not-Working

Договорот и почитувањето на ставовите на партнерот се императив за да не се изгубите во комуникацијата која е пресудна во еден љубовен однос.

Најверојатно и вие не еднаш сте се нашле во ситуација да посакате љубовен компас за да откриете во која насока треба да ја придвижувате вашата врска.

На моменти функционирате како сродни души, а веќе следниот миг не можете да се помирите со неговите недостатоци кои во вашата фантазија добиваат размери максимално опасни за вашата заедничка иднина.

Мината ноќ не склопивте око само за да уживате во неговите допири, а денес водењето љубов со него е последното нешто кое го посакувате.

Во која насока се движи вашата врска? Дали и колку треба да се трудите? За да ја идентификувате вашата љубов дајте си време да размислите и да разберете дали ве врзуваат навиката и постелата додека тој се однесува незаинтересирано или се поставува како љубовен диктатор или пак делите исти емоции за кои вреди да се потрудите.

Се се сведува на секс

Дали можеби сте од оние парови чија комуникација е најуспешна во постелата? По една или две партии секс еден пред друг ги откривате и најскриените тајни, а темата секс се провлекува како ваша омилена.

Сексот го користите дури и за помирување по жестоките караници во недостаток на аргументи. Ова можеби е добро на почетокот на врската, но нерешените проблеми може да ви создадат притисок на долг рок кој по некое време нема да биде решлив со жешките допири и сите можни пози во спалната.

 

 NotForMe препорака: Негова девојка или негов РОБ?

 

Индиферентно однесување

Неговото однесување на моменти е многу чудно. Едвај ги знае имињата на членовите на вашето семејство, а воопшто не му е гајле за вашите деловни успеси или неуспеси, желби, интереси и ставови.

Можеби сте компатибилни во сексот или еднаш одамна додека ве освојуваше ви кажа дека ве сака, но доколку тој тоа не го негува на соодветен начин ќе се почувствувате заробени во врска со тотален странец чие однесување кон вас е индиферентно.

Неговиот  диктат

Се жалевте дека поранешното момче постојано климаше со главата на секоја ваша одлука, а секој негов потврден одговор на вашите желби беше дополнителна одговорност за вас.

Ситуацијата со сегашниот партнер е сосема поинаква. Тој дури не ви остава простор за да се искажете. Додека тој се поставува како диктатор во врската, вие сте таа која треба да ги слуша и исполнува неговите наредби.

Кога ќе направите споредба на претходното и ова искуство ќе разберете дека заедничкиот јазик е повеќе од важен за успешна врска.

Договорот и почитувањето на ставовите на партнерот се императив за да не се изгубите во комуникацијата која е пресудна во еден љубовен однос. Сослушувањето во врска ќе ви помогне да не се доведете во ситуација да треба да барате преведувач за зборовите на саканиот токму затоа што не го разбирате што ви зборува.

Кога ќе ги дефинирате овие три нешта во врската ќе знаете во која насока да го насочите срцето кое е ваш најдобар љубовен компас.




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Проверете ја вашата граматика дури и во средината на разговорот. Не дозволувајте збунетоста да направи да оставите лош впечаток кај потенцијалниот партнер.                            

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Не влегувајте денес во нешто од кое нема да можете да излезете. Фактите се тука, но можно е да не ги знаете сите детали. Поттргнете се од секој кој е очаен да се обврзе!                            

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

Ова е зафатен ден за вас, но се е добро. Ќе ги покажете вашите способности за мултитаскинг и флертување со пријателите, колегите и клиентите. Забавувајте се!                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Денес претрупаноста со работа треба да ја разбиете во мали делчиња за кои треба да се погрижите, а дури и тогаш ќе бидете преоптоварени. Не срамете се да побарате помош!                              

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Вашиот ум денес остро размислува што ви се случува во домот и на работа. Енергијата подобро потрошете ја на решавање проблеми отколку на правење планови.                            

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес можете да реагирате бргу, имате енергија за тоа. Дури и да имате многу пречки и прекини ќе успеете ако имате доверба.                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Денес ќе развиете вкус за нешто сосема ново, можеби нов вид на храна или нешто сосема лудо. Тоа ќе ве одведе на пат, кој никој не би го очекувал од вас.                              

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Нешто ќе ви го привлече вниманието рано денес и може ќе се постават прашања од кои ќе ви заѕвони ѕвончето. Треба се да се реши веднаш, побарајте помош!                                

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Не можете јасно да размислувате. Не грижете се, само излезете надвор и правете работи од кои крвта ќе ви пулсира, потоа се ќе дојде само.                                

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Вашата ментална состојба денес доживува невообичено ниво на јасност, па искористете го тоа мислејќи на најтешките проблеми. Ќе дојдете до откритие!                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Треба да покажете дека вашата креативна страна е се уште активна. Секако дека е, но потребно е вашите луѓе да го видат плодот од тоа.                              

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Денешните чудни проблеми бараат креативни решенија. Нека ве поддржат пријателите и колегите за паметните идеи полесно да излезат на површина.                            

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?