
Потајно сонува за Нобелова награда за откривање на авантурите надвор од врската или бракот и голем успех на тоа поле.
Да ја употребите сета здраво-разумска логика на светов тешко дека ќе ја одгатнете мистеријата наречена машки изјави во кои од авион може да се видат двојните стандарди.
Едноставен пример е дека неверството различно се толкува кога тој е иницијатор, па многу поразлично кога ќе доживее таков удар од партнерката особено доколку ја сака.
Каква е таа контрадикторност без која не поминува ниту еден нивен разговор? Без лажна скромност ќе се пофалат колку се мажи (не само дека во личните документи им пишува пол машки) и на дело, а веќе следната прилика ја користат да го демонстрираат спротивното. И како надополнување следуваат нивните натамошни изјави - лаги овој пат во форма со екстра зголемени димензии што вам ви се крева косата на главата.
Сите негови партнерки
Истата тема на муабет раскажана на неколку различни начини токму од неговата уста. Кога е со пријателите ќе раскаже за сопственото контроверзно минато со минимум висока двоцифрена бројка на жени во него. Истата тема пред колегите добива поинаква насока, имал едвај десет жени во љубовното досие, а пред вас темата би звучела во стилот имав премногу, а вие треба да се насмевнете на неговата супериорност, а на истото прашање доколку му го поставите по втор пат одговорот би бил немам некакво љубовно искуство, се чувам за вистинската, цел живот те чекам тебе.
Контрадикторно, зарем не? Дали несигурноста и стравот да се признае вистината затоа што паметната жена може многу добро да ги открие овие замки раѓа контрадикторност во неговите изјави и бегство од сопствените ставови, минато и одговорност.
NotForMen препорака: Неговите двојни стандарди за флертот
Верен или неверен?
Потајно сонува за Нобелова награда за откривање на авантурите надвор од врската или бракот и голем успех на тоа поле. Самопрогласениот Казанова ќе климне два пати со главата, и тогаш кога ќе го прашате дали се гордее со неверствата и тогаш кога ќе го прашате дали се покајал.
Машкото друштво е одлична можност да се нагласат сите ноќни походи и сите жени кои биле дел од неговиот живот, а доколку зборува со некоја жена сето тоа гo турка во најстариот орман на спомени и се колне дека бил, е и ќе биде најверен. Истиот суперлатив се јавува и во двете ситуации единствено контрадикторно е дали е најверен или најневерен.
Од другата страна
Тоа што тој изневерува и многу често не се обидува тоа да го сокрие е едната страна на монетата наречена неправедна игра иако до пред минути ја нагласуваше својата принципиелност. Другата е страшниот игнорантски однос кон самата помисла такво нешто да му се случи нему. Навидум е различен па партнерката не смее да го изневери, а погледот го издава дека таков срам не би преживеал додека тој без ни трошка грижа на совест го сервира истиот срам за партнерката и ја деградира репутацијата на врската. Зошто? Само да се пофали. Епа неговите изјави звучат баш контрадикторно, а самиот тој бедно.
.gif)






















.gif)























