pokkЦената на машкиот поглед
Од жените се бара да се убави во секоја прилика и успешни на секое поле.
go_tegne_za_nogaВратете го во вашите прегратки!
Како да го вратите бившото момче повторно кај вас?
doutzen_kroes2_HDTV_108010 конкретни желби на машката фантазија
Повеќето мажи повеќе се палат на светло розовата нијанса на вашите усни.
42-206107285 коментари што не сака да ги слушне
Ќе го оставите без текст, нема да знае што да ви одговори, ќе почувствува притисок...

Неговата претстава за идеална партнерка

Corbis-42-23241465

Тие посакуваат нивната партнерка почесто да ја гледаат во здолниште наместо во панталони, секогаш да мириса пријатно и да има мазна кожа.

Кога тој ќе се вљуби во вас, спојот на женствени манири, шармантна насмевка и лојалност кон него е всушност неговиот одговор за идеалната партнерка.

Краткотрајната авантура е синоним за машките критериуми за физичка убавина, но сето тоа паѓа во вода кога мажот ве сака на долга стаза.

Дури тогаш вашето кратко фустанче и високи потпетици ја губат главната улога во освојувачкото сценарио и на сцена доаѓаат вашата женственост и самодоверба. Доколку неговото срце ве одбере вас тој ќе бара многу повеќе од тоа секој викенд да го придржувате на излегување средена од глава до петици.

Идеалната партнерка за него би била жена која плени со самодовербата, женственоста, позитивниот став кон животот, лојалоност кон партнерот, желбата за интимност...таа која секогаш ќе го изненадува партнерот и ќе го тера секој ден одново и одново да се вљубува во неа и на тој начин никогаш нема да дозволи да не замине кај друга.

Мажите посакуваат...

Женственост

Женственото движење и држење на телото, одмерените зборови и посветеноста на изгледот - сето тоа на мажите им се допаѓа. Тие посакуваат нивната партнерка почесто да ја гледаат во здолниште наместо во панталони, секогаш да мириса пријатно и да има мазна кожа. Верувале или не, ама големината на градите ни под разно не се наведува во нивните критериуми за идеална партнерка. Женствените манири за нив се најпривлечни!

Храброст и самодоверба

Мажите покрај себе посакуваат жена која нема да ги тера да ја придружуваат до продавница затоа што се плаши од темнината или која не е сигурна во своите квалитети, желби и планови.

Како дел од нејзината самодоверба треба да спаѓа и нејзината безусловна доверба во партнерот наместо посесивноста и љубоморните сцени.

 

NotForMen препорака: Бидете негова жена за сите времиња

 

Посветеност на врската

Лојалноста кон партнерот е исто така важен фактор за мажите. Доколку имаат сериозни намери кон вас вашата изолираност од врската не би им се допаднала. Со други зборови сакаат да бидат сигурни дека нема да ги изневерите нивните очекувања и ќе бидете покрај нив кога и да им затреба.

Освен емотивната лојалност, тие посебно ја ценат и вашата иницијатива за секс и желба за повеќе физичка интимност во односот.

Бидете идеална!

Кулинарски способности, разбирање за нивните машки навики и потреби, чувство за хумор, суптилна шминка, пријателство – се нештата кои ќе ви помогнат да бидете неговата жена од соништата. Бидејќи се визуелни суштества ве сакаат кога сте во најдобрата форма на телото, во најубавиот фустан и со малку шминка, но идејата да ве придржуваат на шопинг или да ве тешат за скршениот нокт за нив е непосакувана мисија.

Тие ве сакаат кога знаат дека со вас може да разговараат на најразлични теми, а не само за последните градски трачеви и попусти низ бутиците во градот.

Тие ве сакаат кога прифаќате да го придружувате на спортскиот натпревар, кога ќе го изненадите со вкусен висококалоричен појадок, кога ќе предложите нова поинаква поза во спалната, кога не се срамите од вишокот килограми, едноставно тие ве сакаат без затоа што сте жена и горди сте на тоа!




 
Банер
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 7
  • 8
  • 9
  • 10
  • 11
prev
next
News image

Овен (21 Март - 19 Април)

Што и да направите денес не ги притискајте вашите емоции. Ако ги ставите во шише нема да помине долго пред да експлодираат, па подобро не ограничувајте ги за да нема престрашени гледачи.                                                  

News image

Бик (20 Април - 20 Мај)

Дали вашиот љубовен живот стагнира? Ако сте сингл, сега е дефинитивно време да превземете ризик. Ако сте во пар време е да почнете отворено да зборувате.                                        

News image

Близнаци (21 Maj - 21 Јуни)

  Денес може да сте малку збркани, па запишете се што треба да сторите и потоа тргнете на работа! Ако не можете сами да се организирате, тогаш побарајте помош од пријател.                                          

News image

Рак (22 Јуни - 22 Јули)

Ова е ден полн во можности за вас, па искористете ја сета одлична енергија. Ако сакате да започнете нешто ново сега е вистинското време, светот бара акција!                                    

News image

Лав (23 Јули - 22 Август)

Ова не е време да размислувате за се рационално, но сепак треба да ја послушате причината. Само верувајте му на инсинктот и направете проверка ако добар пријател ве советува така.                                        

News image

Девица (23 Август - 22 Септември)

Денес поминете што повеќе време со луѓето околу вас, потребни сте им, но и тие ви се потребни вам. Може да се работи за кратка финасиска криза или за вештина која треба да ја надградите.                                        

News image

Вага (23 Септември - 22 Октомври)

Останете колку што можете пофлексибилни денес, во спротивно ќе заостанете. Ако се навикнете на новиот распоред или новата понуда, сигурно ќе постигнете големи поени.                                    

News image

Скорпија (23 Октомври - 21 Ноември)

Потребно ви е гориво, па излезете и наполнете ги резервите. Дефинитивно копнеете за нешто ново, кое може да дојде од речиси било каде, па излезете и пробајте нешто диво.                                        

News image

Стрелец (22 Ноември - 21 Декември)

Потребни сте им на пријателите! Може да е вистинска криза или емоционална дупка, но вашето присуство и став се потребни. Тешко ќе допрете, но сепак мора да сторите се што можете!                                          

News image

Јарец (22 Декември - 19 Јануари)

Треба да лутате со мозокот денес, дури и да сте заклучени со децата дома или на бирото на работа. Може ќе ви помогне интернетот, само полетајте некаде побргу!                                              

News image

Водолија (20 Јануари - 18 Февруари)

Време е да продолжите понатаму! Без разлика дали закрепнувате од лош состанок или застрашувачка работа, треба да го оставите минатото зад себе и да се подготвите за нов предизвик.                                          

News image

Риби (19 Февруари - 20 Март)

Вашите соништа се внимателно компонирана драма од која можете да научите нешто, особено вечерва. Обрнете внимание на малите детали и видете што ќе излезе од нив.                                        

24-05-2012
Ѕирни ги новите креации на познатите модни дизајнери
  • 0
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
prev
next
News image

Liam Hemsworth

News image

Keanu Reeves

News image

Brian Austin Green

News image

Olivier Martinez

News image

Paul Walker

News image

Chris Evans

News image

Zac Efron

News image

Antonio Banderas

News image

Ricky Martin

News image

Colin Egglesfield

News image

Jeffrey Dean Morgan

News image

Gerard Butler

Колку ви е важен стилот на облекување на вашето момче?