
Појадувајте во фурна, отидете во слаткарница, постете го киното и за спомен купете си по еден сувенир.
Недостиг на сончева светлина и веќе ќе опфаќа меланхолија. Меѓу фудбалскиот натпревар и романтична комедија партнерот секогаш го избира она првото, а освен сексот како рутина не добивате ништо повеќе од врската.
До кога и каде ќе ја демантирате среќата во вашата врска кога за неа се што е потребно е креативна идеја, иницијатива и едно „те сакам“?
Тоа што не успеавте да ги завршите сите работни обврски навреме и не е толку страшно кога дома би ве пречекал тој со топол чај и уште пожешко рамо за да се потпрете на него и да се одморите.
Овој викенд ќе биде ваш!
За среќа е потребно малку, но толку често тоа малку недостига во вашата врска што веќе кроите стратегија за бегство.
Пред да ја изговорите следната фраза полна поплаки и да го прецизирате секој детаљ од сценариото наречено раскинување ветете си дека овој викенд ќе биде посебен, поинаков и исполнет со љубов, а за да се случи тоа треба да се потрудите. Па, почнете...Овој викенд ќе биде само ваш!
Овој викенд ќе биде исполнет со задоволства, а веќе од понеделник работните обврски ќе бидат лесни како песна, а уште помалку ќе ви пречи зимската атмосфера.
NotForMen препорака: 5 идеи за жешка љубовна идила
Заедно под едно ќебе
Одвојте еден ден за под топлите прекривки. Предложете му на момчето појадокот да ви го сервира во кревет. Замолете го да ви направи долга релаксирачка масажа со масло. Бакнувајте се нежно и страсно, бавно и брзо, долго гледајте се во очи и водете љубов како никогаш претходно додека низ прозорецот ги гледате снегулките како паѓаат.
Во градот како на турнеја
Следниот ден од викендот искористете го за малку поинаква авантура. Овој пат тоа нека биде посета на сопствениот град.
Најверојатно во вашиот заеднички албум недостигаат фотографиите од местата низ вашиот град за кои никогаш не ви паднало на памет да се фотографирате. Облечете се топло, земете го фотоапаратот и тргнете низ улиците на градот, гушнати и со чувство како да сте некаде далеку од дома. Појадувајте во фурна, отидете во слаткарница, посетете го киното и за спомен купете си по еден сувенир.
По ваквиот исцрпувачки љубовен викенд се што ќе посакате е да се препуштите на топлата постела се разбира покрај вашиот сакан. Оној во чија посветеност до вчера се жалевте.
Сега знаете дека за среќа е потребно многу малку – иницијатива нешто да промените, да го размрдате адреналинот на секојдневието и да не заборавите да му кажете на момчето дека го сакате! И следниот викенд нека биде ваш!
.gif)






















.gif)























