
Над 1 милијарда долари се троши за чоколадо за време на овој празник.
Зарем за да почнете да верувате во љубовта и да дишете во нејзиниот ритам поводот го чекате цела година, а 14 февруари е единствената верификувана дата за да истата ја изразите некому?
Токму првите две недели од февруари се резервирани за плановите што да му подарите на момчето или каде да го прославите денот на вљубените, а цела година апстинирате од романтиката и ги игнорирате сите слатко романтични нагони.
По некое непишано правило првата асоцијација ви е црвената боја, романтичната вечера и некое симболично подароче.
Вредноста на љубовта или датумот?
Врска од навика зачинета со малку клише патетика! Да, за денот на вљубените мора да ви подари нешто, да ве одведе на некое необично место, цела вечер да ве гушка и бакнува, а од утредента тоа и не е толку важно. Зарем толку ја потценувате љубовта?
И се разбира најочајното сценарио кое може да ве снајде за овој ден е да бидете сингл додека сите пријателки уживаат како во романтичните љубовни филмови. Тажна е таа премолчена приказна како вие сте најосамената личност на планетата и колку многу ви недостига трошка романтика.
И пред да ја посегнете по третиот бокал со вино ќе ве потсетиме дека љубовта е многу повеличествена емоција, а денот на вљубените е само ден за симболика за нешто кое треба да биде секојдневна религија на секој млад и стар.
Моќна на вистинската љубов е мистерија за чии одгатнување вреди да се борите!
NotForMen препорака: Зар „Те сакам“ има стоп?
Создадени еден за друг
И нема никакво значење тоа кој датум и месец е за да ја покажете љубовта затоа што таа е универзална.
Кога правилно ќе ги протолкувате сите моменти ќе станете потолерантни кон партнерот во секоја комуникација, повнимателни секоја вечер и секое утро, пострасни и понежни секоја ноќ, поупорни за да му ја докажете својата љубов затоа што вие сте родени еден за друг, а за љубов секој ден, а не само Свети Валентин.
-
Еве неколку интересни факти кои можеби не сте ги знаеле за овој ден:
- Калифорнија произведува 60 % од американските рози, но најголем број продадени рози за Денот на вљубените во САД се увезуваат главно од Колумбија.
- 15 % од жените во САД си праќаат самите себеси цвеќе за Свети Валентин.
- Околу 3% од сопствениците на домашни миленици им поклонуваат подароци за Свети Валентин на своите миленици.
- Италијанскиот град Верона, местото каде што живееле популарните ликови на Шекспир, Ромео и Јулија, на овој празник прима околу 1000 писма адресирани до Јулија.
- Над 1 милијарда долари се троши за чоколадо за време на овој празник.
- Повеќе од 35 милиони кутии во облик на срце се продаваат секоја година неколку дена пред 14 февруари.
.gif)






















.gif)























