
Повеќето мажи мислат дека ако им кажете дека се неспретни во финансиските анализи тогаш се неспособни губитници.
„Толку многу ми се допаѓаш што би сакал да основам семејство со тебе“ му кажувате во првите месеци од врската. Стоп, стоп, стоп! Не смеете ниту во сон да помислите на такво нешто, 90% од мажите би се преплашиле и веднаш би заминале.
Има некои сценарија кои смеат да постојат само во вашиот ум. Забрането е споредби со бившите, контролирање на неговите финансии и издавање на тајните на пријателки пред него.
„Колку си подобар од сите други кретени со кои се состанував.“
Не, ова иако звучи како фин комплимент, не е тоа, туку е слика за девојка која има лоша среќа во врските. Тој веднаш рационално ќе размисли како може баш сите врски да ви биле лоши, сигурно до вас е проблемот.
Следното на менито ќе очекува дека и за него ќе го говорите истото откако ќе раскинете и со тоа ќе се демотивира во градењето на врската.
СОВЕТ: Не споменувајте ги бившите, повеќето мажи не се воодушевени што имало други пред нив, па затоа пофалете го со сегашните прекрасни моменти, а не со коментари за бившите.
NotForMen препорака: Што криеме од нив?
„Можеш ли навистина да си го дозволиш тоа?“
Троши пари кои ги нема на опрема за неговиот автомобил или вредни подароци за вас, но сепак не смеете премногу да го кренете тонот на гласот.
Повеќето мажи мислат дека ако им кажете дека се неспретни во финансиските анализи тогаш се неспособни губитници. Ќе започнете да наликувате на мајка му, па дури може да постане најголемото бебе во однесувањето.
СОВЕТ: Разговарајте за пари со него во вистинското време, а не кога ќе го видите новото озвучување во неговиот автомобил.
„Таа ме натера да ветам дека нема да кажам, но...“
Сигурно и вам делењето на тајни со партнерот ви изгледа како градење на интимноста и посочување колку му верувате со споделувањето на деликатни информации. Но нему тоа може да му звучи само како уште едно озборување што воопшто нема да му се допадне.
Вие ја издавате вашата пријателка и вам не може да ви се верува, ако сте и го сториле тоа на пријателката, ќе му го сторите и нему.
СОВЕТ: Се разбира, некои тајни мора да ги споделите со некого, па кога ќе го правите тоа започнете со комплимент дека му кажувате само затоа што знаете дека може да чува тајна и така ќе знае дека ја цените желбата на пријателката.
.gif)






















.gif)























