
Не сакате да изгледате како мало прасе пред него, зарем не? Порачајте салата и риба и покажете му дека сте деликатен цвет.
Како минуваат годините љубовта повеќе не е се што ви е потребно, туку пулсот е доволен. Но што ако го нема на првиот состанок? Појдете на втор, често не можеме објективно да процениме на првото видување.
Со која храна да го освоите и како да се однесувате на состанок? Стигнува помош!
Пригответе му пилешко!
Кога ќе го поканите на вечера пригответе му пилешко. Тој мирис ќе му го даде чувството како домашните оброци од мајка му и лесно ќе ве перцепира како идеалната девојка за сопруга.
Одбијте ја поканата во последен миг!
Не прифаќајте понуди во последен миг. Без разлика што е вторник и што ви е страшно здодевно не правете го тоа затоа што веднаш му давате на знаење дека немате никакви планови и изгледате очајно. Нормално ситуацијата е сосема поинаква ако се состанувате веќе подолго време.
Внимавајте што јадете пред него!
Не сакате да изгледате како мало прасе пред него, зарем не? Порачајте салата и риба и покажете му дека сте деликатен цвет. Внимавајте на цената да биде просечна и ако не сакате толку да се придржувате кон правилото во оброкот не вклучувајте барем лук и кромид.
NotForMen препорака: 6 женски грешки на првиот состанок
Не му се јавувајте веднаш!
Секогаш е фино и културно да испратите порака дека сте поминале убава вечер, но со јавувањето на брзајте и почекајте барем 3 дена. Комуникацијата нормално зависи од взаемната заинтересираност.
Појдете на втор состанок!
Дури и да немаше огномети на првиот состанок, појдете на втор. Понекогаш треба да бидете трпеливи и баш таквите врски обично траат. Има многу фактори поради кои ви е тешко да бидете објективни на првото гледање. Сите имаме духови во орманот, но не смееме да прекинеме потенцијална врска пред да започне. Понекогаш искрата се случува после првиот бакнеж.
Ако се обидувате да бидете премногу сериозна ќе направите да запознае некоја која не сте вистинската вие, но и кажувањето на целата животна приказна на првиот состанок не е најдобра идеја. Бидете природни и за почеток споделувајте некои не многу важни детали од вашиот живот.
Расчистете со претходната врска!
Пред да скокнете во кревет со некој нов размислете зошто вашата последна врска не успеа, донесете заклучок, па дури потоа продолжете. Повеќето луѓе кажуваат „збогум“ кога се лути, зборувајте за вашата врска, жалби и вашите желби за во иднина, а потоа е време за нов почеток.
.gif)






















.gif)























