
Кога запознаваме некого, донесуваме заклучоци за него врз основа на неговиот изглед и неколкуте погрешни реченици што ќе ги каже. Ако успеете да го декодирате говорот на неговото тело, вистински ќе дознаете што мисли за вас. Но, за тоа во друга пригода. Овој пат ќе зборуваме што не смеете да правите за да не го наведете на погрешна мисла.
Позиции со кои покажувте дека сте срамежлива, не сте задоволна од својот изглед, немате доволно самодоверба:
Стоите згрбавена. Вака оставате впечаток дека сте премногу срамежлива и дека ќе треба да се мачи за да ги вади вашите зборови од уста. Веднаш ќе го одвратите од намерата да ви се приближи. Уште фали да се скриете под некоја маса. Нема потреба. Исправете се за да може убаво да ве види. Вашето тело нека говори дека може слободно да дојде до вас.
Гледате во подот. Освен што ќе изгледате срамежливо, ќе оставите впечаток на девојка што нема доволно самодоверба да се соочи со него. Тој ќе има чувство како да му зборува на ѕидот. Не мора постојано да го гледате в очи, доволно е повремено да го погледнувате. Најсигурна варијанта ви е да го гледате в уста и по некој краток поглед в очи.
Косата постојано ви е в раце. Само се чешате за вратот, си играте со врвовите на косата, уште само да почнете да ги грицкате ноктите. Вака се однесувавте кога требаше да полагате испит, а немавте доволно научено. Типични знаци на трема. Бидете похрабра, не плашете се и верувајте во себе.
Позиции со кои ќе го избркате бидејќи ќе си помисли дека не е доволно забавен за вас:
Го потпирате лицето на раката. Ова најчесто го правиме кога нешто чекаме, кога нешто не е во ред, кога сме замислени, и најважно кога ни е здодевно. Само уште да зевате и да гледате некаде настрана. Ова е супер тактика ако сакате да си замине, но не и ако сакате да го задржите.
Премногу сте релаксирана. Повеќе гледате во околината, отколку во него, реагирате на туѓите прашања, а не и на неговите, олабавена сте, се шегувате за него, го задевате со некои прашања... исто како да се знаете целиот живот. Супер е да сте релаксирани, но не и премногу. Многу лесно можете да оставите впечаток дека ви е сеедно дали ќе седи со вас или ќе си замине.
Седите или стоите навалена на страна. Откриено е дека кога сме на иста маса со човек што не интересира, седиме на половина столче со телото нанапред. Тоа е супер позиција за убаво да се гледаме и да се слушаме. Ако седите потпрена на столот и оддалечена, оставате впечаток дека не ви е толку забавен.
.gif)






















.gif)























