
Ако се одлучите за едниот, со другиот сте ги уништиле сите шанси за во иднина. Што сега? Едниот е многу фин со вас, претпазлив и нежен, иако досега не сте имале можност да бидете насамо. Другиот, пак, е во слична ситуација како вашата. Штотуку излегол од долга врска и не сака ништо сериозно. Но, не може сé да биде како подмачкано. Испадна дека потенцијалните кандидати се познаваат. Како да знаете кој е вистинскиот избор?
Размислете на што сте. Со првиот сте имале неколкупати можност да бидете во друштво, а вториот го знаете само од зборување. Што значи дека е рано да донесувате заклучоци и за обајцата.
Првиот...
Грешите ако мислите дека по две средби можете да бидете сигурни дали некој е внимателен и фин. Во друштво секој е релаксиран и весел. Сосема поинаква е ситуацијата вие да сте насамо со човекот и да комуницирате очи в очи. Затоа ако сте забележале нешто, тоа било само физичка привлечност. Ако тој толку бил заинтересиран за вас, нели сметате дека имал доволно шанси да ве покани да излезете сами? Според ова, не значи дека од почеток треба да ја откажете понудата за запознавање со другиот. Не давајте предност само поради тоа што едниот имал шанса да ве запознае, а другиот не.
Вториот...
Тоа што и обајцата сте излегле од врска не значи дека сте создадени еден за друг. Од каде знаете каква била неговата врска. Тој можеби е најсреќниот човек на светот по раскинувањето. Не фантазирајте си дека ќе ви помогне и ќе ве сфати бидејќи точно знае како ви е. Мажите по врска сакаат да лудуваат и да се вратат во игра. Всушност како и вие, не сакате веднаш да се заробувате сега кога имате шанса малку да се забавувате. Не водете се според мотото прв дојден, прв услужен. Дајте му шанса, не сакате утре да се каете каков тип сте пропуштиле.
Совет плус...
Не треба да ве плаши фактот дека се познаваат кога не сте имале ништо со нив. Најдобро е да се обидете да ги доведете на исто место, сами ќе ви откријат кој е вистинскиот. Вака ќе заштедите време и нерви. Можеби ќе бидете сведоци на борба во која ќе уживате, а може едниот ќе се повлече на почеток. Тогаш работите ќе ви станат повеќе од јасни.
.gif)






















.gif)























